Фасадни системи

Schüco UCC 65 SGСписок на производи

Опис
Предности

Schüco UCC 65 SG (Unitized Customized Construction) е моќен, флексифилен фасаден систем за елементни фасади.

Фасадните профили се видливи само од ентериерот, однадвор има целосно застаклен изглед.

​Со прозорските серии Schüco AWS 114 како вградени елементи, можни се крилја со отворање на горна оска или паралелно товрање со тежина до 250 kg.

Дизајнот на елементите обезбедува особено ефикасна продукција и зглобување: помала зависност од временските услови, помалку работа и загадување на самото градилиште, кратко време за монтажа и низок ризик од оштетување на стаклото.

Елементна фасада со привлечен, целосно застаклен изглед

Особено тесна лицева ширина од 65 mm

Uf вредности од 2.4 W/(m²K) до 2.7 W/(m²K) можат да бидат постигнати

Може да се користи дебелина на стакло од 26 mm до 36 mm

Интеграција на Schüco AWS 114 како прозорец со отворање на горна оска или паралелно отворање

Автоматизација за големо-форматни прозорски решенија, стандардно или RWA

Сеопфатни системски тестирања во соогласност со европските и американските стандарди на тестирање

Високо ниво на префабрикација во работилница

Брза и ефикасна монтажа на градилиште

 


Техничка информација

Продукт
Фасади и покривни застаклувања
Материјал
Алуминиум
Енергија
Термички неизолиран (2,4≤ Uf≤ 2,7)
Функција
Заштита од паѓање
Дизајн
Стандарден; Мултиконтурен; Структурално застаклување; Полуструктурално застаклување
Површина
Алуминиум (подложен на рафинирање)
Звучна изолација
Зголемена звучна изолација 38 - 45 dB; Зголемена звучна изолација повеќе од 45 dB
Клучни параметри
Термичка изолација Uf од 2.4 до 2.7 W / m²K; Звучна изолација Rw, p од 36.0 dB до 40 dB; Бојадисување во прав: сите варијации; Анодизација: сите варијации; Мокро бојадисување: сите варијации; Имитација на нерѓосувачки челик: сите варијации; Непропустливост на воздух: AE; Непропустливост на вода: RE1200; Издржливост на удар: I5 / E5
Брошури
Cad- детали
AKS TechDoc
Schüco Unitised Facades
Download
Schüco BAU 2019 Product Highlights
Download

CAD- детали

Можете да ги преземате CAD- цртежите (DWG / DXF) на нашите профили во комплетни серии (ZIP). Во овие ZIP фајлови, профилите се сортирани во датотеки според нивната функција.

Можете да најдете цртежи на специфични пресеци од AluKönigStahl во нашата платформа AKS Tech Doc. Цртежи на пресеци од Jansen може да се најдат директно во соодветниот каталог во “AKS TechDoc”.

За пристап до Cad- материјалите

AKS TechDoc

Користењето на AKS TechDoc за каква било ситуација во вашата секојдневна работа, во канцеларија, работилница или на лице место ќе ви помогне. Во AKS TechDoc, можете брзо да најдете информации за кодот на производот во каталозите, да ги зачувате овие страници како PDF-датотека и да ги испратите по е-пошта.

За пристап до комплетната документација, мора да ги користите вашето корисничко име и лична лозинка за AKSTechDoc, добиени по регистрацијата на нашата централна платформа www.alukoenigstahl.com.

За пристап до TECH DOC МАТЕРИЈАЛИТЕ