АЛУКОНИГШТАЛ е доставувач на висококвалитетни алуминиумски, челични и PVC системи, како и компоненти за реализација на современа, енергетски ефикасна архитектура, поддржувајќи ги одржливите концепти за градба. Дистрибуцијата на препознатливи брендови осигурува продукти со врвен квалитет, кои континуирано се актуелизираат и внимателно се адаптираат кон моменталните архитектонски трендови и градежни регулации.
Повеќе од 60 години АЛУКОНИГШТАЛ има блиска соработка со двата интернационално водечки производители: SCHÜCO, светскиот лидер на пазарот за алуминиумски системи и експерт за PVC системи и ЈАNSEN, специјалист за челични профилни системи. Кооперацијата и иновативното развитие на продуктите го донесе АЛУКОНИГШТАЛ до денешното водство во технологијата и продажбата.
АЛУКОНИГШТАЛ има задоволство да ги снабди своите партнери со детална компетентна услуга низ сите фази на градежниот проект.
Со тоа компанијата овозможува веродостојна, интензивна консултација и взаемна соработка при производството со нашите одржливи и високотехнолошки решенија.
Блиската соработка во сферата на продукциската технологија, обуките за вработени, доставата на софтвер и директиви за обработка, овозможуваат рационални планови, ефикасност и целосна усогласеност со највисоките индустриски стандарди и барања за квалитет.
АЛУКОНИГШТАЛ заедно со своите независни подружници, во моментов е водечки специјалист во оваа сфера на пазарот во Австрија, Источна и Југоисточна Европа.