- Крајни клиенти
- Продукти
- Влезни врати
Влезни врати
Индивидуални дизајнерски опции за вашата влезна врата
Влезни врати
Слобода на дизајн со највисоките стандарди за квалитет
Влезната врата не само што обезбедува директен пристап до внатрешноста на домот, туку дава и прв пвпечаток за карактерот на станарите. Влезните врати на Schüco комбинираат бројни, безвременски дизајни со највисок степен на безбедност, топлинска изолација, водоотпорност и издржливост. Ова значи дека практично нема ограничувања на креативноста – дури и големи врати се изводливи.
Системот за врати Schüco AD UP (Универзална платформа на алуминиумска врата) комбинира функционална сигурност со модерен, квалитетен дизајн. Без разлика дали станува збор за стилска влезна врата или често користена комерцијална врата, специјалниот принцип на конструкција со употреба на композиција на профил од 5 комори обезбедува стабилност и сите технички предуслови за интелигентен систем на врати. Двете основни длабочини од 75 и 90 мм овозможуваат системската платформа да биде прилагодена на индивидуалните барања за енергетска ефикасност и експлоатациска цврстина. Принципот на конструкција, кој е ист низ сите основни длабочини, и симетричниот состав на профилот овозможуваат едноставна изработка и инсталација.
AD UP систем за врата - Слобода на дизајн за највисоки стандарди за квалитет
Влезни врати
Влезни врати за вашите лични потреби
Совршено оформени, флексибилни, препознатливи