Фасадни системи

Schüco FWS 60.HIСписок на производи

Опис
Предности

ScSchüco FWS 60 .HI  – Класична фасада тип вертикала-хоризонтала со висока термичка изолација

Schüco FWS 60 .HI е конструкција тип вертикала-хоризонтала со внатрешна и надворешна лицева ширина од 60 mm. Фасадниот систем гарантира високо ниво на термичка изолација благодарение на новите изолатори.
Schüco FWS 60 .HI овозможува транспарентни фасадни конструкции со големи застаклени површини. Достапни се профили за вертикала и хоризонтала со длабочини од 50 до 250 mm. Schüco FWS 60 .HI e погоден за фасадни решенија во луксузни станбени и комерцијални згради.

Карактеристики
Како Schüco FWS 60.SI, оваа серија е исто така достапна со висока топлинска изолација (SI… Супер изолација).
Специјални електронски Е-вертикали и Е-хоризонтали се достапни за скриени кабли во фасадата.

Schüco FWS 60.SI е компатибилен со Schüco FWS 60 CV.

Фасада тип вертикала-хоризонтала со лицева ширина од 60 mm

Uf вредности до 0.9 W / m²K – (погледнете ја и FWS 60.SI варијантата до 0.7 W / m²K)

Можно вградување на сите прозорци и врати Schüco AWS и Schüco ADS

Можно вградување на Schüco AWS 114.SI како прозорец со отворање на вертикална оска или паралелно

Прозорски елементи во стандарден дизајн или како  RWA/NRWG

Заштита од провала до RC 3

Можна интеграција на фотоволтаици (BIPV) на барање

Schüco Light Skin ја осветлува и истакнува вашата фасада со LED осветлување


Техничка информација

Продукт
Фасади и покривни застаклувања
Материјал
Алуминиум
Енергија
Соодветен за пасивна градба (0,8 ≤ Uf ≤ 1,0)
Безбедносни карактеристики
Заштита од провала RC2 и RC3
Функција
Заштита од паѓање
Дизајн
Стандарден
Површина
Алуминиум (подложен на рафинирање)
Звучна изолација
Зголемена звучна изолација 38 - 45 dB; зголемена звучна изолација повеќе од 45 dB; Стандардна до 38 dB
Клучни параметри
Термичка изолација Uf од 0,8 до 1,0 W/m²K; Звучна изолација Rw,p од 37 до 48 dB; Заштита од провала RC од RC2 до RC3; Бојадисување во прав: сите варијации; Елоксација: сите варијации; Мокро бојадисување: сите варијации; Имитација на нерѓосувачки челик: сите варијации; Непропустливост на воздух: AE; Непропустливост на вода: E 120; Издржливост на удар: I5/E5
Брошури
Cad- детали
AKS TechDoc
Schüco BAU 2019 Product Highlights
Download

CAD- детали

Можете да ги преземате CAD- цртежите (DWG / DXF) на нашите профили во комплетни серии (ZIP). Во овие ZIP фајлови, профилите се сортирани во датотеки според нивната функција.

Можете да најдете цртежи на специфични пресеци од AluKönigStahl во нашата платформа AKS Tech Doc. Цртежи на пресеци од Jansen може да се најдат директно во соодветниот каталог во “AKS TechDoc”.

За пристап до Cad- материјалите

AKS TechDoc

Користењето на AKS TechDoc за каква било ситуација во вашата секојдневна работа, во канцеларија, работилница или на лице место ќе ви помогне. Во AKS TechDoc, можете брзо да најдете информации за кодот на производот во каталозите, да ги зачувате овие страници како PDF-датотека и да ги испратите по е-пошта.

За пристап до комплетната документација, мора да ги користите вашето корисничко име и лична лозинка за AKSTechDoc, добиени по регистрацијата на нашата централна платформа www.alukoenigstahl.com.

За пристап до TECH DOC МАТЕРИЈАЛИТЕ