- Продукти
- Фасадни системи
- Schüco FWS 35 PD.SI
Фасадни системи
Schüco FWS 35 PD.SIСписок на производи
Schüco FWS 35 PD.SI – Фасада со тесни видливи широчини за максимална транспарентност, сертифицирана за пасивна градба
Schüco FWS 35 PD.ЅI е фасаден систем со панорама дизајн. Дизајн тип вертикала-хоризонтала со внатрешна и надворешна лицева ширина од 35mm овозможува и висока термичка изолација. Schüco FWS 35 PD.ЅI овозможува транспарентност на фасадниот дизајн со големи застаклени елементи. Достапни се системски длабочини на вертикалите и хоризонталите од 65 до 155 mm. За тешки застаклени елементи, развиени се таканаречените HD профили (Heavy Duty). Schüco FWS 35 PD.ЅI е погоден за фасадни решенија на ексклузивни објекти.
Карактеристики
Со Uf-вредности од 0.9 W/(m²K) оваа серија достигнува ниво на пасивна градба. Достапен е сертификат од PHI Dr. Feist.
35 mm внатрешна и надворешна лицева ширина на фасадниот профил !
Ниво на пасивна градба со Uf-вредности до 0.9 W/m²K)
Фасада тип вертикала-хоризонтала со најтесни профили и нова изолациона технологија
Можно интегрирање и на Schüco AWS 114.SI како прозорец со отворање на горна оска или паралелно отворање
Можност за автоматизиран оков Schüco TipTronic
Заштита од провала до RC 2
Трослојно застаклување со дебелина до 50 mm
Техничка информација
CAD- детали
Можете да ги преземате CAD- цртежите (DWG / DXF) на нашите профили во комплетни серии (ZIP). Во овие ZIP фајлови, профилите се сортирани во датотеки според нивната функција.
Можете да најдете цртежи на специфични пресеци од AluKönigStahl во нашата платформа AKS Tech Doc. Цртежи на пресеци од Jansen може да се најдат директно во соодветниот каталог во “AKS TechDoc”.
За пристап до Cad- материјалитеAKS TechDoc
Користењето на AKS TechDoc за каква било ситуација во вашата секојдневна работа, во канцеларија, работилница или на лице место ќе ви помогне. Во AKS TechDoc, можете брзо да најдете информации за кодот на производот во каталозите, да ги зачувате овие страници како PDF-датотека и да ги испратите по е-пошта.
За пристап до комплетната документација, мора да ги користите вашето корисничко име и лична лозинка за AKSTechDoc, добиени по регистрацијата на нашата централна платформа www.alukoenigstahl.com.
За пристап до TECH DOC МАТЕРИЈАЛИТЕ