Базиран на Schüco LivIng системските димензии, користејќки технологија со алуминиумски профил Schüco LivIng Alu Inside е профил без додатоци од челик со максимална техничка изолација и економичност, како и флексибилност во производство и монтажа.
Schüco LivIng Alu Inside е базиран на патентирана технологија со алуминиумски профил, каде што алуминиумскиот профил е директно екструдиран и интегриран во PVC-U профилот. Тие формираат целосна конструкција со ниво на стабилност кое им соперничи на профилите појачани со челик. Со овој високо термоизолиран PVC-U систем, прозорците без челично појачување се соодветни за пасивна градба и можат ефективно и економично да бидат произведувани на индустриално ниво.
Благодарение на 7-коморната конструкција на профилот, таргетираното позиционирање на алуминиумски шарки, Schüco LivIng Alu Inside has нема термални мостови. Овде, материјалот во профилниот систем – висококвалитетена алуминиумска легура – е посебна предност поради тоа што рефлектира приближно 90% од термалната радијација поради полираната површина. Оптималната поделба на коморите и големите изолациони зони во кои се сместени изолациските блокови, овозможуваат високи термички параметри.
Schüco LivIng – новата генерација на PVC-U врати
Близначен систем = Еден систем со две верзии (AS/MD)
Schüco LivIng PVC-U е иновативен 7-коморен систем, кој може да биде конструиран како близначен систем како со надворешна, така и со централна заптивка. Заедно со централната заптивка, системот достига ниво на пасивна куќа во согласност со Ift Rosenheim. Како систем со надворешна заптивка, се постигаат одлични термоизолациски својства, како и тесни лицеви ширини.
Првата заварувачка заптивка е интегрирана во системот на прозорци Schüco LivIng. Користењето на еластичен, заварен материјал го зголемува ефектот на запечатување во аголната област на елементот, истовремено овозможувајќи затворен, визуелно привлечен аголен дизајн. Издржливиот, еколошки материјал држи цврсто запечатување во текот на целиот свој век на траење.
Белите профили се снабдени со модерни, сребрено-сиви заптивки, фолираните профили се достапни со црни заптивки.
Профилите може да бидат фолирани еднобојно или со дрвен декор, како и со Schüco AutomotiveFinish и Schüco TopAlu.
PVC-U системот Schüco CT 70 AS е заснован на 5-коморна технологија. Одлични термоизолациски својства и тесни лицеви широчини во три различни контури на крилото се карактеристики со кои се одликува овој систем.
Schüco CT 70 AS прозорските системи се соодветни за висока разновидност на употреба во новоградби, но и во проекти за реновирање. Големиот опсег на аксесоари овозможува високо ниво на системска сигурност.
Двете нивоа на дренаж гарантираат оптимална заштита од ветер, дожд и врева.
Сребрено-сиви заптивки на белите профили за максимална дискретност
Белите Schüco CT 70 PVC-U профили се достапни со модерни, сребрено-сиви заптивки за дискретна појава. Фолираните профили се опремени со црни заптивки.
Профилите може да бидат фолирани еднобојно или во дрвен декор, или со Schüco AutomotiveFinish и Schüco TopAlu.
Прозорскиот систем Schüco AWS 90.SI+ (Super Insulation) совршено ги исполнува конструктивните барања истовремено нудејќи најголема слобода на дизајн – вклучувајќи оптимизирана термичка изолација со сертификат за пасивна градба.
Како дел од Schüco AWS модуларниот систем со 90 mm системска длабочина, алуминиумскиот прозорец нуди високо ниво на флексибилност за имплементирање на атрактивни дизајнерски решенија во обвивката на зградата. Во зависност од архитектонските барања, може да биде конфигуриран како единечен прозорец, лентовиден прозорец или вграден прозорец во Schüco фасадите, како и во комбинација со Schüco системите за врати.
Широкиот опсег на видови на дизајн вклучува отварање на странична оска, долна оска и комбинации од нив, како и отвори со безбариерен праг и двојни крилја.
Дополнителна придобивка за клиентите и архитектите е што системот за прозорци нуди широк спектар на профили, вклучувајќи аголни профили, структурални профили, симетрични и асиметрични профили, како и голем број варијации на дизајн и дополнителни опции за комбинации со заштита од сонце или системи за вентилација.
Со тоа, прозорскиот систем со максимална термичка изолација поставува стандарди за флексибилно планирање и дизајн за конструирањето на енергетски ефикасни и стилски обвивки на зградите.
- Schüco AWS 90 BS.SI+ (Block System Super Insulation) : Блок прозорец со максимална термичка изолација и сокриено крило за софистициран дизајн
- Schüco AWS 90 VV.SI+ (Ventilation Vent Super Insulation) прозорски систем со максимална термичка изолација достапен како непроѕирно отклопно крило со вентилациска функција во различни лицеви ширини на профилот– со одлична издржливост на временски услови и добри звучно изолациски вредности дури и во екстремно време, благодарение на сплит изолациската лента.
- Schüco Window AWS 90.SI+ Green е сертифициран за пасивна градба со оптимизирани вредности на Uf ≤ 0.7 W/(m²K)
Заедно со енергетската ефикасност, непречената интеграција на формата и функцијата во денешно време е основно барање при креирање на современи обвивки на зградата. Со прозорецот Schüco AWS 75 PD.SI (Panorama Design Super Insulation ), Schüco сега нуди прозорец што совршено ги исполнува овие архитектонски барања, со минимална внатрешна и надворешна лицева широчина и одлична топлинска изолација.
Елементите на системот кои се совршено прилагодени еден на друг, служат како основа за ова. Тоа вклучува изглед на вградено крило одвнатре, минимална видливост на заптивките, максимална транспарентност со најтесната внатрешна и надворешна лицева широчина, како и изедначени широчини на профилот на фиксното поле и крилото за унифициран изглед на рамката. Скриена дренажа и чист дизајнот благодарение на тесните радијални профили го комплетираат пионерскиот дизајн на прозорскиот систем.
Интеграцијата на високотермички изолираната единица за отворање во системот за фасади Schüco FWS 35 PD, како и комбинацијата со тесното, нетранспарентно вентилационо крило Schüco AWS 75 PD VV.SI (Ventilation Vent Super Insulation), на пример, обезбедуваат совршено прилагоденo архитектонско решение.
Како дел од Schüco AWS системската платформа, Schüco AWS 70.HI (High Insulation) нуди атрактивен распон на решенија со извонредна термичка изолација во 70 mm системска длабочина.
Тој се заснова на функционалните и дизајнерските својства на алуминиумскиот систем: придобивките како што се тесните лицеви ширини и скриените окови се комбинираат во совршено интегрирани компоненти за прозорци со отворање навнатре и нанадвор.
Високото ниво на флексибилност на системот овозможува најразлични намени како единечен прозорец, лентовиден прозорец или вграден елемент во фасада, како и во комбинација со системите за врати Schüco.
Дополнителна придобивка за клиентите и архитектите е што системот за прозорци може да се дизајнира во голем број различни типови на отворање на странична и долна оска, како и комбинација од нив.
Системот за прозорци нуди широк спектар на профили, вклучувајќи аголни профили, структурални профили, симетрични и асиметрични профили, како и голем број варијации на дизајн и дополнителни опции за комбинации со заштита од сонце или системи за вентилација.
Schüco AWS 70.HI поставува стандарди од гледна точка на флексибилност на планирање и нуди атрактивно прозорско решение за модерни, енергетски ефикасни обвивки на зградата..
- Со извонредни вредности на термичка изолација и елегантен дизајн без видливи контури на крилото, Schüco AWS 70 BS.HI (Block System High Insulation) ги задоволува највисоките енергетско ефикасни и архитектонски барања со можно највисока транспарентност.
- Како непроѕирно отклопно крило со вентилациска функција, достапен е прозорски систем Schüco AWS 70 VV.HI (Ventilation Vent High Insulation) со различни широчини – со одлична издржливост на временски услови и звучна изолација дури и во екстремни услови, благодарение на изолациска лента.
- Со засечените надворешни контури Schüco AWS 70 RL.HI (Residential Line High Insulation) најдобро одговара за проекти за реновирање или за визуелен акцент.
- Schüco AWS 70 WF.HI (Window Façade High Insulation е алуминиумски фасаден прозорец кој ги задоволува највисоките барања за енергетска ефикасност и архитектура, благодарение на исклучителна термичка изолација и многу тесни видливи ширини на профилот.
- Schüco AWS 70 ST.HI (Steel Contour High Insulation) серијата е дизајнирана со аглести надворешни контури со изглед на прозорци од стар челик.
Како дел од Schüco AWS системската платформа, термички изолираниот прозорски систем нуди широк опсег од решенија за 65 mm системска длабочина, за задоволување на барањата за обвивка на зградата.
Тој се заснова на функционалните и дизајнерските својства на алуминиумскиот систем: придобивките како што се тесните лицеви ширини и скриените окови се комбинираат во совршено интегрирани компоненти за прозорци со отворање навнатре и нанадвор.
Високото ниво на флексибилност на системот овозможува најразлични намени како единечен прозорец, лентовиден прозорец или вграден елемент во фасада, како и во комбинација со системите на вратите Schüco.
Дополнителна придобивка за клиентите и архитектите е што системот за прозорци може да се дизајнира во голем број различни типови на отворање на странична и долна оска, како и комбинација од нив.
Дизајн на прозорец со отворање нанадвор со централна заптивка е исто така достапен како двокрилен прозорец со заштита од провала во согласност со PAS 24.
Како дел од платформата на системот Schüco AWS, системот за прозорци нуди широк спектар на профили, вклучувајќи аголни профили, структурални профили, симетрични и асиметрични профили, како и голем број варијации на дизајн и дополнителни опции за комбинации со заштита од сонце или системи за вентилација.
Schüco AWS 65 поставува стандарди од гледна точка на флексибилност на планирање и нуди атрактивни прозорски решенија за амбициозна архитектура.
- Schüco AWS 65 VV (Ventilation Vent) прозорски систем со непроѕирно крило за вентилациска функција – со одлична издржливост на временски услови и звучна изолација дури и во екстремни услови благодарение на изолациона лента.
- Schüco AWS 65 RL е соодветен за економични решенија во комбинација со одлична термичка изолација. Со засечените надворешни контури, Schüco AWS 65 RL (Residential Line) најдобро одговара за проекти за реновирање или за визуелен акцент.
- Како блок-прозорец AWS 65 BS ги задоволува високите архитектонски барања со елегантен дизајн и максимална транспарентност.
- Schüco AWS 65 WF (Window Façade) е алуминиумски прозорец кој ги задоволува највисоките барања за енергетска ефикасност и архитектура, благодарение на исклучителна термичка изолација и многу тесни видливи ширини на профилот.
Термички изолиран челичен профилен систем за дизајни на рамни врати
Термички изолираниот челичен профилен систем Janisol (основна длабочина 60 mm) е многу погоден за изградба на привлечни и софистицирани единечни и двокрилни врати, и однатре и однадвор – исто така со странични фиксни елементи и надсветла.
Системската компатибилност на серијата врати Јанисол значи дека различните безбедносни барања можат лесно да се исполнат со униформно решение: Janisol изгледаат речиси идентично со вратите Jansen Economy (R30/RS/заштитени од провала) и противпожарните серии Janisol.
Пионерски систем за врати со високи перформанси за станбени и деловни згради
Наменет за најсложените решенија специфични за проекти со станбена и комерцијална намена: високо стабилниот систем на врати Schüco AD UP 90 со основна длабочина од 90 mm се базира на принципот на конструкција со тројна обвивка и користи двоен централен систем за заптивки што обезбедува најдобри својства на енергетска ефикасност, изолација и водонепропустливост.
Системот гарантира максимална слобода на дизајнирање и планирање при спроведување функционални, комфорни и дизајнерски ориентирани решенија за сите области на примена, на пр. како влез со крило со полнеж, скриени шарки на вратите и прикриени, интегрирани системи за комуникација на вратите.
- Системот на врати Schüco AD UP 90.SI е изборна опција со најдобра топлинска изолација. Со идентична конструкција на профил и модуларни влошки од пена, пионерскиот систем на врати постигнува одлични вредности на топлинска изолација до стандардот за пасивна градба.
- Подобрување на системот на Универзалната платформа Schüco, новата серија на врати на Schüco AD UP 90 нуди иновативно, механичко фиксирање на полнеж без лепило од едната страна или од двете страни без дополнителни профили за фиксирање. Развојот на системот овозможува брза и ефикасна изработка на влезни врати на луксузни домови.
Универзална употреба како често користена комерцијална врата и стилска влезна врата
Одлични изолациски својства комбинирани со висока стабилност – системот за врати Schüco AD UP 75 со основна длабочина од 75 mm нуди висока функционална сигурност за сите барања во луксузни станбени и деловни згради.
Со својот револуционерен принцип на конструкција и модуларен систем за заптивки, системот поставува нови стандарди во топлинска изолација, временска отпорност, носивост и издржливост на системите за алуминиумски врати. Со широко портфолио на аксесоари и опции за дизајн, ви овозможува стилски решенија за врати што ги исполнуваат сите услови за сите области на животот и работата. Системот за врати е совршен за интеграција со системите за комуникација и контрола на пристапот до вратата..
- Schüco AD UP 75 BL (Basic Line) е базичната опција на Schüco AD UP системската платформа со 75 mm основна длабочина.
- Подобрување на системот на Универзална платформа Schüco, новата Schüco AD UP 75 BL станбена врата нуди иновативно, механичко фиксирање на полнеж без лепило од едната страна или од двете страни без дополнителни профили за фиксирање. Развојот на системот овозможува брза и ефикасна изработка на влезни врати на луксузни домови.