Прозорски системи

Schüco AWS 90.SI+Список на производи

Опис
Предности

Прозорскиот систем Schüco AWS 90.SI+ (Super Insulation) совршено ги исполнува конструктивните барања истовремено нудејќи најголема слобода на дизајн – вклучувајќи оптимизирана термичка изолација со сертификат за пасивна градба.

Како дел од Schüco AWS модуларниот систем со 90 mm системска длабочина, алуминиумскиот прозорец нуди високо ниво на флексибилност за имплементирање на атрактивни дизајнерски решенија во обвивката на зградата. Во зависност од архитектонските барања, може да биде конфигуриран како единечен прозорец, лентовиден прозорец или вграден прозорец во Schüco фасадите, како и во комбинација со Schüco системите за врати.

Широкиот опсег на видови на дизајн вклучува отварање на странична оска, долна оска и комбинации од нив, како и отвори со безбариерен праг и двојни крилја.

Дополнителна придобивка за клиентите и архитектите е што системот за прозорци нуди широк спектар на профили, вклучувајќи аголни профили, структурални профили, симетрични и асиметрични профили, како и голем број варијации на дизајн и дополнителни опции за комбинации со заштита од сонце или системи за вентилација.

Со тоа, прозорскиот систем со максимална термичка изолација поставува стандарди за флексибилно планирање и дизајн за конструирањето на енергетски ефикасни и стилски обвивки на зградите.

  • Schüco AWS 90 BS.SI+ (Block System Super Insulation) : Блок прозорец со максимална термичка изолација и сокриено крило за софистициран дизајн
  • Schüco AWS 90 VV.SI+ (Ventilation Vent Super Insulation) прозорски систем со максимална термичка изолација достапен како непроѕирно отклопно крило со вентилациска функција во различни лицеви ширини на профилот– со одлична издржливост на временски услови и добри звучно изолациски вредности дури и во екстремно време, благодарение на сплит изолациската лента.
  • Schüco Window AWS 90.SI+ Green е сертифициран за пасивна градба со оптимизирани вредности на Uf ≤ 0.7 W/(m²K)

Коекструдирана средна заптивка

Оптимизирана зона на изолација со изолациски решетки исполнети со пена

Голем опсег на профили за различни решенија

 


Техничка информација

Основна системска длабочина во mm
90
Мин. видлива широчина во mm
99
Uf вредност на рамката (≥)
0.71 W/(m²·K)
Макс. дебелина на стакло/панел во mm
68
Макс. широчина на крилото во mm
1700
Макс. височина на крилото во mm
2500
Макс. звучна изолација Rwp
47 dB(A)
Непропустливост на воздух
Класа 4
Непропустливост на вода
Класа 9A
Заштита од провала
До RC3
Издржливост на ветер
Класа C5/B5
CE маркер
Да
Брошури
Cad- детали
AKS TechDoc
Schüco Aluminium Window and Door Systems
Download

CAD- детали

Можете да ги преземате CAD- цртежите (DWG / DXF) на нашите профили во комплетни серии (ZIP). Во овие ZIP фајлови, профилите се сортирани во датотеки според нивната функција.

Можете да најдете цртежи на специфични пресеци од AluKönigStahl во нашата платформа AKS Tech Doc. Цртежи на пресеци од Jansen може да се најдат директно во соодветниот каталог во “AKS TechDoc”.

За пристап до Cad- материјалите

AKS TechDoc

Користењето на AKS TechDoc за каква било ситуација во вашата секојдневна работа, во канцеларија, работилница или на лице место ќе ви помогне. Во AKS TechDoc, можете брзо да најдете информации за кодот на производот во каталозите, да ги зачувате овие страници како PDF-датотека и да ги испратите по е-пошта.

За пристап до комплетната документација, мора да ги користите вашето корисничко име и лична лозинка за AKSTechDoc, добиени по регистрацијата на нашата централна платформа www.alukoenigstahl.com.

За пристап до TECH DOC МАТЕРИЈАЛИТЕ