Системи за врати

Schüco AD UP 75Список на производи

Опис
Предности

Универзална употреба како често користена комерцијална врата и стилска влезна врата

Одлични изолациски својства комбинирани со висока стабилност – системот за врати Schüco AD UP 75 со основна длабочина од 75 mm нуди висока функционална сигурност за сите барања во луксузни станбени и деловни згради.

Со својот револуционерен принцип на конструкција и модуларен систем за заптивки, системот поставува нови стандарди во топлинска изолација, временска отпорност, носивост и издржливост на системите за алуминиумски врати. Со широко портфолио на аксесоари и опции за дизајн, ви овозможува стилски решенија за врати што ги исполнуваат сите услови за сите области на животот и работата. Системот за врати е совршен за интеграција со системите за комуникација и контрола на пристапот до вратата..

  • Schüco AD UP 75 BL (Basic Line) е базичната опција на Schüco AD UP системската платформа со 75 mm основна длабочина.
  • Подобрување на системот на Универзална платформа Schüco, новата Schüco AD UP 75 BL станбена врата нуди иновативно, механичко фиксирање на полнеж без лепило од едната страна или од двете страни без дополнителни профили за фиксирање. Развојот на системот овозможува брза и ефикасна изработка на влезни врати на луксузни домови.
  • Истиот принцип на производство за сите основни длабочини и максимална употреба на идентични делови обезбедуваат професионална, сигурна изработка
  • Намалено складирање на магацин поради конструкција со симетричен профил
  • Една цевчеста шарка за сите апликации: со технологија за прицврстување, како и подобрени опции за прилагодување за едноставна инсталација со заштеда на време
  • Лесен елемент за инсталирање во новоградби и реновација поради прицврстени рамки и централен држач на елементот во алуминиумот
  • Термички прекратен алуминиумски композитен праг со скриено прицврстување кон конструкцијата на зградата, кој може да се отстрани или замени ретроспективно доколку се оштети
  • Конструктивно оптимизирано запечатување на основата: инсталација на заптивката бз додатни профили и окапник, тубуларна заптивка (безконтактна) како заштит аод прскање на вода и употреба за сите системи (две или три нивоа на заптивка)

Техничка информација

Основна системска длабочина во mm
75
Uf вредност на рамката (≥)
1.6 W/(m²·K)
Макс. височина на крилото во mm
3000
Макс. широчина на крилото во mm
1400
Макс. дебелина на стакло/панел во mm
53
Област на употреба
Станбени проекти, Комерцијални проекти
Површинска обработка
Бојадисување во прав; Анодизација
Непропустливост на воздух
Класа 4
Непропустливост на вода
E 750
Издржливост на ветер
Класа C3/ B3
Заштита од провала
До RC2
Издржливост на удар
Класа 1
Макс. тежина на крилото
200 kg
Брошури
Cad- детали
AKS TechDoc
Schüco Door Systems
Download
Schüco Door System AD UP
Download

CAD- детали

Можете да ги преземате CAD- цртежите (DWG / DXF) на нашите профили во комплетни серии (ZIP). Во овие ZIP фајлови, профилите се сортирани во датотеки според нивната функција.

Можете да најдете цртежи на специфични пресеци од AluKönigStahl во нашата платформа AKS Tech Doc. Цртежи на пресеци од Jansen може да се најдат директно во соодветниот каталог во “AKS TechDoc”.

За пристап до Cad- материјалите

AKS TechDoc

Користењето на AKS TechDoc за каква било ситуација во вашата секојдневна работа, во канцеларија, работилница или на лице место ќе ви помогне. Во AKS TechDoc, можете брзо да најдете информации за кодот на производот во каталозите, да ги зачувате овие страници како PDF-датотека и да ги испратите по е-пошта.

За пристап до комплетната документација, мора да ги користите вашето корисничко име и лична лозинка за AKSTechDoc, добиени по регистрацијата на нашата централна платформа www.alukoenigstahl.com.

За пристап до TECH DOC МАТЕРИЈАЛИТЕ