Прозорски системи

Schüco LivIng Alu InsideСписок на производи

Опис
Предности

Базиран на Schüco LivIng системските димензии, користејќки технологија со алуминиумски профил  Schüco LivIng Alu Inside е профил без додатоци од челик со максимална техничка изолација и економичност, како и флексибилност во производство и монтажа.

Schüco LivIng Alu Inside е базиран на патентирана технологија со алуминиумски профил, каде што алуминиумскиот профил е директно екструдиран и интегриран во PVC-U профилот. Тие формираат целосна конструкција со ниво на стабилност кое им соперничи на профилите појачани со челик. Со овој високо термоизолиран PVC-U систем, прозорците без челично појачување се соодветни за пасивна градба и можат ефективно и економично да бидат произведувани на индустриално ниво.

Благодарение на 7-коморната конструкција на профилот, таргетираното позиционирање на алуминиумски шарки, Schüco LivIng Alu Inside has нема термални мостови. Овде, материјалот во профилниот систем – висококвалитетена алуминиумска легура – е посебна предност поради тоа што рефлектира приближно 90% од термалната радијација поради полираната површина. Оптималната поделба на коморите и големите изолациони зони во кои се сместени изолациските блокови, овозможуваат високи термички параметри.

  • Идентичните системски димензии како Schüco LivIng овозможуваат разновидност од основни профили, како и аксесоари да бидат користени заедно и комбинирани
  • Систем со централна заптивка и три нивоа на дренаж за максимална издржливост на ветер, студ и влажност
  • Прозорски систем со стандард на пасивна куќа и патентирана технологија со алуминиумски профил (Patent-Nr. EP 1 196 677 B2)
  • Алуминиумските изолациски шипки се обработени едноставно машински, што елиминира бавни процеси како што се фиксирање на челичните појачувања. Сите други производствени чекори се изведени на стандарден начин.
  • Недостатокот на челични појачувања му овозможува на системот помала сопствена тежина и полесна инсталација
  • Поедноставен процес на порачка и поефикасно производство, како и компатибилност со системот  Schüco LivIng
  • 100% подложен на рециклирање
  • Може да биде интегрирана алуминиумска профилна капачка
  • Безбедна и брза инсталација на оковот

Техничка информација

Основна системска длабочина во mm
82
Мин. видлива широчина во mm
120
Uf вредност на рамката (≥)
0.79 W/(m²·K)
Мин.-макс. системска длабочина во mm
52
Макс. широчина на крилото во mm
1500
Макс. височина на крилото во mm
2600
Макс. звучна изолација Rwp
46 dB(A)
Непропустливост на воздух
Класа 4
Непропустливост на вода
Класа 9A
Заштита од провала
До RC2
Издржливост на ветер
Класа C5/B5
CE маркер
Да
Брошури
Cad- детали
AKS TechDoc
Schüco PVC Systems
Download

CAD- детали

Можете да ги преземате CAD- цртежите (DWG / DXF) на нашите профили во комплетни серии (ZIP). Во овие ZIP фајлови, профилите се сортирани во датотеки според нивната функција.

Можете да најдете цртежи на специфични пресеци од AluKönigStahl во нашата платформа AKS Tech Doc. Цртежи на пресеци од Jansen може да се најдат директно во соодветниот каталог во “AKS TechDoc”.

За пристап до Cad- материјалите

AKS TechDoc

Користењето на AKS TechDoc за каква било ситуација во вашата секојдневна работа, во канцеларија, работилница или на лице место ќе ви помогне. Во AKS TechDoc, можете брзо да најдете информации за кодот на производот во каталозите, да ги зачувате овие страници како PDF-датотека и да ги испратите по е-пошта.

За пристап до комплетната документација, мора да ги користите вашето корисничко име и лична лозинка за AKSTechDoc, добиени по регистрацијата на нашата централна платформа www.alukoenigstahl.com.

За пристап до TECH DOC МАТЕРИЈАЛИТЕ