Прозорски системи

Schüco LivIng 82Список на производи

Опис
Предности

Schüco LivIng – новата генерација на PVC-U врати

Близначен систем = Еден систем со две верзии (AS/MD)

Schüco LivIng PVC-U е иновативен 7-коморен систем, кој може да биде конструиран како близначен систем како со надворешна, така и со централна заптивка. Заедно со централната заптивка, системот достига ниво на пасивна куќа во согласност со Ift Rosenheim. Како систем со надворешна заптивка, се постигаат одлични термоизолациски својства, како и тесни лицеви ширини.

Првата заварувачка заптивка е интегрирана во системот на прозорци Schüco LivIng. Користењето на еластичен, заварен материјал го зголемува ефектот на запечатување во аголната област на елементот, истовремено овозможувајќи затворен, визуелно привлечен аголен дизајн. Издржливиот, еколошки материјал држи цврсто запечатување во текот на целиот свој век на траење.

Белите профили се снабдени со модерни, сребрено-сиви заптивки, фолираните профили се достапни со црни заптивки.

Профилите може да бидат фолирани еднобојно или со дрвен декор, како и со Schüco AutomotiveFinish и Schüco TopAlu.

  • IFT соодветен за пасивна куќа со централна заптивка
  • Специјален профил на крилото за користење на технологија со лепило
  • Висококвалитетни EPDM заптивки машински произведени во фабрика
  • Поради специјалната, патентирана технологија со заварување на профилите, на заптивките не им е потребно додатно процесирање
  • Безбедна и лесна инсталација на стаклото
  • Лесна инсталација и централно штрафење кај двокрилите прозорци
  • Благодарение на 5 mm заптивка помеѓу профилот на касата и профилот на крилото, надворешната заптивка на крилото не треба да биде засечена кај механизмот за отворање
  • Идентични системски димензии за производство на профил со надворешна и профил со централна заптивка

Техничка информација

Основна системска длабочина во mm
82
Мин. лицева широчина во mm
120
Uf вредност на рамката (≥)
0.96 W/(m²·K)
Макс. дебелина на стакло/панел во mm
52
Макс. широчина на крилото во mm
1500
Макс. височина на крилото во mm
2600
Макс. звучна изолација Rwp
47 dB(A)
Непропустливост на воздух
Класа 4
Непропустливост на вода
Класа 9A
Заштита од провала
До RC2
Издржливост на ветер
Класа C5/B5
CE маркер
Да
Брошури
Cad- детали
AKS TechDoc
Schüco LivIng 82
Download

CAD- детали

Можете да ги преземате CAD- цртежите (DWG / DXF) на нашите профили во комплетни серии (ZIP). Во овие ZIP фајлови, профилите се сортирани во датотеки според нивната функција.

Можете да најдете цртежи на специфични пресеци од AluKönigStahl во нашата платформа AKS Tech Doc. Цртежи на пресеци од Jansen може да се најдат директно во соодветниот каталог во “AKS TechDoc”.

За пристап до Cad- материјалите

AKS TechDoc

Користењето на AKS TechDoc за каква било ситуација во вашата секојдневна работа, во канцеларија, работилница или на лице место ќе ви помогне. Во AKS TechDoc, можете брзо да најдете информации за кодот на производот во каталозите, да ги зачувате овие страници како PDF-датотека и да ги испратите по е-пошта.

За пристап до комплетната документација, мора да ги користите вашето корисничко име и лична лозинка за AKSTechDoc, добиени по регистрацијата на нашата централна платформа www.alukoenigstahl.com.

За пристап до TECH DOC МАТЕРИЈАЛИТЕ