Прозорски системи

Schüco AWS 70. HIСписок на производи

Опис
Предности

Како дел од  Schüco AWS системската платформа, Schüco AWS 70.HI (High Insulation) нуди атрактивен распон на решенија со извонредна термичка изолација во 70 mm системска длабочина.

Тој се заснова на функционалните и дизајнерските својства на алуминиумскиот систем: придобивките како што се тесните лицеви ширини и скриените окови се комбинираат во совршено интегрирани компоненти за прозорци со отворање навнатре и нанадвор.

Високото ниво на флексибилност на системот овозможува најразлични намени како единечен прозорец, лентовиден прозорец или вграден елемент во фасада, како и во комбинација со системите за врати Schüco.

Дополнителна придобивка за клиентите и архитектите е што системот за прозорци може да се дизајнира во голем број различни типови на отворање на странична и долна оска, како и комбинација од нив.

Системот за прозорци нуди широк спектар на профили, вклучувајќи аголни профили, структурални профили, симетрични и асиметрични профили, како и голем број варијации на дизајн и дополнителни опции за комбинации со заштита од сонце или системи за вентилација.

Schüco AWS 70.HI поставува стандарди од гледна точка на флексибилност на планирање и нуди атрактивно прозорско решение за модерни, енергетски ефикасни обвивки на зградата..

  • Со извонредни вредности на термичка изолација и елегантен дизајн без видливи контури на крилото, Schüco AWS 70 BS.HI (Block System High Insulation) ги задоволува највисоките енергетско ефикасни и архитектонски барања со можно највисока транспарентност.
  • Како непроѕирно отклопно крило со вентилациска функција,  достапен е прозорски систем Schüco AWS 70 VV.HI (Ventilation Vent High Insulation) со различни широчини – со одлична издржливост на временски услови и звучна изолација дури и во екстремни услови, благодарение на изолациска лента.
  • Со засечените надворешни контури Schüco AWS 70 RL.HI (Residential Line High Insulation) најдобро одговара за проекти за реновирање или за визуелен акцент.
  • Schüco AWS 70 WF.HI (Window Façade High Insulation е алуминиумски фасаден прозорец кој ги задоволува највисоките барања за енергетска ефикасност и архитектура, благодарение на исклучителна термичка изолација и многу тесни видливи ширини на профилот.
  • Schüco AWS 70 ST.HI (Steel Contour High Insulation) серијата е дизајнирана со аглести надворешни контури со изглед на прозорци од стар челик.

Одлична термичка изолација со 70 mm системска длабочина: Uf вредности од 1.3 W/(m²K) (Лицева широчина 117 mm)

Опционално достапен со отворање нанадвор или како решение за многу голем, тежок прозорец

Компатибилен со Schüco ADS системите за врати

Сега, успешно тестиран и за заштита од лавина во согласност со ÖNORM B 5301, класа за товар LS 15.

Голем опсег на профили и дизајнерски варијанти (на пример Schüco AWS 70 RL, Schüco AWS 70 BS , Schüco AWS 70 WF, Schüco AWS 70 ST, Schüco AWS 70 VV).


Техничка информација

Основна системска длабочина во mm
70
Мин. лицева широчина во mm
91
Uf вредност на рамката (≥)
1.3 W/(m²·K)
Макс. дебелина на стакло/панел во mm
62
Макс. широчина на крилото во mm
1700
Макс. височина на крилото во mm
2500
Макс. звучна изолација Rwp
48 dB(A)
Непропустливост на воздух
Класа 4
Непропустливост на вода
Класа 9A
Заштита од провала
До RC3
Издржливост на ветер
Класа C5/B5
CE маркер
Да
Брошури
Cad- детали
AKS TechDoc
Schüco Aluminium Window and Door Systems
Download

CAD- детали

Можете да ги преземате CAD- цртежите (DWG / DXF) на нашите профили во комплетни серии (ZIP). Во овие ZIP фајлови, профилите се сортирани во датотеки според нивната функција.

Можете да најдете цртежи на специфични пресеци од AluKönigStahl во нашата платформа AKS Tech Doc. Цртежи на пресеци од Jansen може да се најдат директно во соодветниот каталог во “AKS TechDoc”.

За пристап до Cad- материјалите

AKS TechDoc

Користењето на AKS TechDoc за каква било ситуација во вашата секојдневна работа, во канцеларија, работилница или на лице место ќе ви помогне. Во AKS TechDoc, можете брзо да најдете информации за кодот на производот во каталозите, да ги зачувате овие страници како PDF-датотека и да ги испратите по е-пошта.

За пристап до комплетната документација, мора да ги користите вашето корисничко име и лична лозинка за AKSTechDoc, добиени по регистрацијата на нашата централна платформа www.alukoenigstahl.com.

За пристап до TECH DOC МАТЕРИЈАЛИТЕ