Во наклонето застаклување, заварените челични конструкции ја покажуваат својата вистинска јачина. Така, дури и големи покривни застаклувања можат да се спроведат со елегантни профили. Принципот на заптивка TVS е оптимизиран за специфичната примена во застаклување на покриви, но исто така може лесно да се комбинира со VISS вертикалните фасади. На тој начин, товарот од покривот може да се предаде на вертикалната конструкција.

Врз основа на докажаното VISS системско решение, со VISS SG ефикасно и лесно може да се спроведе високо-технолошка фасада со дизајн на структурално застаклување. Стаклените површини до 2,5 х 5,0 m видливо ја зголемуваат транспарентноста на обвивката на зградата. Варијабилните држачи за стакло овозможуваат инсталирање на двојно или тројно изолационо стакло до 70 mm дебелина. Дури и покривно застаклување со структурален дизајн може лесно да се реализира со VISS SG. Системот Jansen VISS SG може да се комбинира со сите VISS профили со лицева ширина 50 и 60 mm и со независното од потпира решение VISS Basic.

Schüco FWS 35 PD.HI – фасада со најтесни профили за највисока транспарентност

Schüco FWS 35 PD.HI е фасаден систем со панорама дизајн. Дизајн тип вертикала-хоризонтала со внатрешна и надворешна лицева ширина од 35mm овозможува и висока термичка изолација. Schüco FWS 35 PD.HI овозможува транспарентност на фасадниот дизајн со големи застаклени елементи. Достапни се системски длабочини на вертикалите и хоризонталите од 65 до 155 mm. За тешки застаклени елементи, развиени се таканаречените HD профили (Heavy Duty). Schüco FWS 35 PD.HI е погоден за фасадни решенија на ексклузивни објекти.

Карактеристики

Во верзијата Schüco FWS 35 PD.SI (Super Insulation) фасадниот систем со панорама дизајн постига термичка изолација до 0.9 W/m2K. Со тоа, ова решение е соодветно и за пасивна градба.​

Schüco FWS 35 PD.SI – Фасада со тесни видливи широчини за максимална транспарентност, сертифицирана за пасивна градба

Schüco FWS 35 PD.ЅI е фасаден систем со панорама дизајн. Дизајн тип вертикала-хоризонтала со внатрешна и надворешна лицева ширина од 35mm овозможува и висока термичка изолација. Schüco FWS 35 PD.ЅI овозможува транспарентност на фасадниот дизајн со големи застаклени елементи. Достапни се системски длабочини на вертикалите и хоризонталите од 65 до 155 mm. За тешки застаклени елементи, развиени се таканаречените HD профили (Heavy Duty). Schüco FWS 35 PD.ЅI е погоден за фасадни решенија на ексклузивни објекти.

Карактеристики

Со Uf-вредности од 0.9 W/(m²K) оваа серија достигнува ниво на пасивна градба. Достапен е сертификат од PHI Dr. Feist.​

Schüco FWS 60 CV .HI (Concealed Vent) за масимална транспарентност со висока термичка изолација

Schüco FWS 60 CV комбинира дизајн со максимална транспарентност. Рамката и крилјата се една заедничка компонента. Фиксните елементи и вентилационите елементи имаат сосема еднаков изглед. Зависно од статичките потреби, две системски длабочини (65 mm / 85 mm) можат да се користат во различни можности за апликација.
Како прозорски фасади, Schüco FWS 60 CV and Schüco FWS 60 CV.HI се одликуваат со својата естетика и елегантни линии. Од 2017 година наваму, елементите можат да бидат и моторизирани прозорци (Schüco TipTronic SimplySmart) што дозволува автоматски проток на свеж воздух преку CO2 сензори.
Друга предност е опцијата за поврзување на фасадата со опција за ноќно проветрување на зградата.

Најтенките лицеви ширини на пазарот!

Типичните прозорски структури обично имаат лицева ширина од 130 mm и повеќе. Користејќи блок-системи може да се намалат до 120 mm.

За прв пат, фасадата Schüco FWS 60 CV(.HI) нуди лентовиден прозорец со само 60 mm лицева ширина.​

Schüco FWS 60 CV (Concealed Vent) за максимална транспарентност

Schüco FWS 60 CV комбинира дизајн со максимална транспарентност. Рамката и крилјата се една заедничка компонента. Виксните елементи и вентилационите елементи имаат сосема еднаков изглед. Зависно од статичките потреби, две системски длабочини (65 mm / 85 mm) можат да се користат во различни можности за апликација.
Како прозорски фасади, Schüco FWS 60 CV and Schüco FWS 60 CV.HI се одликуваат со својата естетика и елегантни линии. Од 2017 година наваму, елементите можат да бидат и моторизирани прозорци (Schüco TipTronic SimplySmart) што дозволува автоматски проток на свеж воздух преку CO2 сензори.
Друга предност е опцијата за поврзување на фасадата со опција за ноќно проветрување на зградата.

Најтенките лицеви ширини на пазарот!

Типичните прозорски структури обично имаат лицева ширина од 130 mm и повеќе. Користејќи блок-системи може да се намалат до 120 mm.

За прв пат, фасадата Schüco FWS 60 CV(.HI) нуди лентовиден прозорец со само 60 mm лицева ширина.​

Schüco FWS 60.SI – Фасада тип вертикала-хоризонтала сертифицирана за пасивна градба

Schüco FWS 60.SI е конструкција тип вертикала-хоризонтала со внатрешна и надворешна лицева ширина од 60 mm. Фасадниот систем гарантира високо ниво на термичка изолација благодарение на новите изолатори.
Schüco FWS 60 .SI овозможува транспарентни фасадни конструкции со големи застаклени површини. Достапни се профили за вертикала и хоризонтала со длабочини од 50 до 250 mm. Schüco FWS 60 .SI e погоден за фасадни решенија во луксузни станбени и комерцијални згради.

Карактеристики

Со Uf-вредности од 0.71 W/(m²K) оваа серија достига ниво на пасивна куќа. Достапен е сертифкат од PHI Dr. Feist.Специјални електронски Е-вертикали и Е-хоризонтали се достапни за скриени кабли во фасадата.

Schüco FWS 60.SI е компатибилен со Schüco FWS 60 CV.

ScSchüco FWS 60 .HI  – Класична фасада тип вертикала-хоризонтала со висока термичка изолација

Schüco FWS 60 .HI е конструкција тип вертикала-хоризонтала со внатрешна и надворешна лицева ширина од 60 mm. Фасадниот систем гарантира високо ниво на термичка изолација благодарение на новите изолатори.
Schüco FWS 60 .HI овозможува транспарентни фасадни конструкции со големи застаклени површини. Достапни се профили за вертикала и хоризонтала со длабочини од 50 до 250 mm. Schüco FWS 60 .HI e погоден за фасадни решенија во луксузни станбени и комерцијални згради.

Карактеристики
Како Schüco FWS 60.SI, оваа серија е исто така достапна со висока топлинска изолација (SI… Супер изолација).
Специјални електронски Е-вертикали и Е-хоризонтали се достапни за скриени кабли во фасадата.

Schüco FWS 60.SI е компатибилен со Schüco FWS 60 CV.

Schüco FWS 60 – Класична фасада тип вертикала-хоризонтала со лесна обработка и висока енергетска ефикасност
​Schüco FWS 60 е конструкција тип вертикала-хоризонтала со внатрешна и надворешна лицева ширина од 60 mm. Фасадниот систем гарантира високо ниво на термичка изолација благодарение на новите изолатори.
Schüco FWS 60 овозможува транспарентни фасадни конструкции со големи застаклени површини. Достапни се профили за вертикала и хоризонтала со длабочини од 50 до 250 mm. Schüco FWS 60 e погоден за фасадни решенија во луксузни станбени и комерцијални згради.

Карактеристики
Како Schüco FWS 60.SI, оваа серија е исто така достапна со висока топлинска изолација (SI… Супер изолација).
Специјални електронски Е-вертикали и Е-хоризонтали се достапни за скриени кабли во фасадата.

Schüco FWS 60.SI е компатибилен со Schüco FWS 60 CV.

Класична фасада тип вертикала-хоризонтала, сертифицирана за пасивна градба

Врз основа на пионерска изолаторска технологија, системот за фасади Schüco FWS 50.SI (Супер изолиран) нуди високо термички изолирани решенија за дизајнирање на различни фасади и покривни застаклувања до ниво на пасивна градба, како и оптимизирани процеси на изработка и инсталација.

Со својата висока флексибилност и широк опсег на системи, системот обезбедува фасадни конструкции за најразновидните функционални и дизајнерски барања во премиум станбени и комерцијални проекти.

Транспарентно системско решение за безбедносен парапет против паѓање, интегрирано во профилот, непречено и елегантно се вклопува во надворешниот фасаден изглед. Барањара за безбедносната бариера за отвори од под до плафон се постигаат без промена на лицевите широчини на профилите

Големиот избор на  потисни лајсни и декоративни капи, како и опцијата да се комбинираат со системи за прозорци, врати и лизгачки системи на Schüco, нудат дополнителни начини за дизајнирање на привлечни обвивки на зградата.

Од гледна точка на безбедност и удобност на корисникот, системот овозможува електрични компоненти, како што се автоматските врати на Schüco, или системите за ззаштита од сонце, да можат лесно и сигурно да се интегрираат.

Со оваа фасада, Schüco уште еднаш ја исполнува својата обврска да создаде еколошки одржлив продукт. Системот е награден со сребрена  “Cradle-to-Cradle Certified™” ознака за одржливост од независниот C2CPII институт во кооперација со EPEA во Ханбург за неговата одложност на рециклирање и минимална содржина на токсини.