Schüco FWS 60 – Класична фасада тип вертикала-хоризонтала со лесна обработка и висока енергетска ефикасност
Schüco FWS 60 е конструкција тип вертикала-хоризонтала со внатрешна и надворешна лицева ширина од 60 mm. Фасадниот систем гарантира високо ниво на термичка изолација благодарение на новите изолатори.
Schüco FWS 60 овозможува транспарентни фасадни конструкции со големи застаклени површини. Достапни се профили за вертикала и хоризонтала со длабочини од 50 до 250 mm. Schüco FWS 60 e погоден за фасадни решенија во луксузни станбени и комерцијални згради.
Карактеристики
Како Schüco FWS 60.SI, оваа серија е исто така достапна со висока топлинска изолација (SI… Супер изолација).
Специјални електронски Е-вертикали и Е-хоризонтали се достапни за скриени кабли во фасадата.
Schüco FWS 60.SI е компатибилен со Schüco FWS 60 CV.
Ефикасна, високо отпорна на ветер заштита од сонце и засенчување на прозорци и фасади во станбени и комерцијални објекти
Системот за лизгачка ролетна Schüco ALB обезбедува идеална заштита од сонце за прозорци и фасади во станбени и комерцијални згради благодарение на тенката геометрија на ламелите со оптимална транспарентност кон надвор и неговата исклучително висока стабилност на ветер. Лизгачките единици може да се инсталираат со три различни типа на ламели. Системскиот опсег нуди индивидуални решенија за најразновидните побарувања. Спектарот опфаќа системи со еден отвор за проветрување, со една шина, па се до инсталации за лизгање на ролетните со повеќе отвори и двојни шини. Со лизгачките единици може да се работи или рачно или електрично, а нивното ракување е импресивно едноставно, тивко и прецизно.
Schüco Large Louver Blades ALB се целосно решение за заштита од сонце со големи ламели од 105-690 mm. Со широк спектар на профили и опции за монтирање, големите брисолеи овозможуваат огромни придобивки, вклучувајќи заштита од прегревање, оптимизирана инциденца на светлина до зголемена удобност.
Со широк спектар на профили, подвижните ламели за заштита од сонце Schüco ALB со линеарен погон обезбедуваат огромни придобивки, вклучително зголемена удобност, оптимизирана инциденца на природно светло и заштита од прегревање и производство на активна енергија преку вградени фотоволтаични модули. Интеграцијата на погонот во капакот на ламелата и скриената дренажа во профилите поставуваат нови стандарди. Системскиот држач овозможува значителна слобода на дизајнот и лесно монтирање на сите стаклени елементи.
Системот за заштита од сонце Schüco CTB е првата заштита од сонце високи перформанси целосно интегрирано во фасадата со исклучително висока стабилност на ветер.
Специјалната форма на ламелите ви овозможува максимално засенчување на сонцето и истовремено оптимална транспарентност за поглед кон надвор. Заштитата од сонце Schüco CTB (Concealed Toughened Blind) е надворешно засенчување со исклучително висока стабилност на ветер. Електричната ролетна изработена од алуминиумски профили овозможува поглед кон надвор, притоа обезбедувајќи оптимална заштита од топлина. Анодизираните ламели се достапни во 6 анодизирани бои и овозможуваат континуиран надворешен изглед на елементот. Заради фината геометрија се создава посебен фасаден изглед кој го нагласува дизајнерскиот елемент. Разновидните опции за монтирање и совршената интеграција во системите за прозорци и фасади на Schüco нудат сигурност при планирање од самиот почеток.
Саморегулирачки механички вентилациски систем за монтажа на прозорецот
Системот за вентилација Schüco VentoAir ја регулира континуираната размена на воздух во станбените објекти, без никаква интервенција од корисниците, со што се овозможува спречување на скапи штети предизвикани од мувла, која е опасна по здравјето.
Принципот на чисто механички вентилатори се заснова на изедначување на разликата во притисокот помеѓу надвор и внатре.
Во случај на поголема брзина на ветерот, вентилот автоматски го регулира воздухот што дотекува, со што се спречуваат непријатните провеви.
Системот е интегриран така што е речиси целосно сокриен во пределот на централната заптивка – или хоризонтално на врвот или во надворешната странична рамка.
Системот за вентилација може да се користи заедно со останатите вградени системи за проветрување во зградата и на тој начин се исполнуваат минималните барања за заштита од влага.
Schüco VentoLife е систем за вентилација со повеќестепен филтер за чистење на воздухот развиен особено за жителите на големите градови и метрополите со загадување на воздухот. Schüco VentoLife ефикасно го ослободува воздухот од честички и други компоненти кои се проблематични за здравјето. Schüco VentoLife ги отстранува и најмалите честички од интензивниот смог. Контролиран сензорски вентил го инјектира надворешниот воздух колку што е потребно со цел да се обезбеди оптимален квалитет на воздухот во зградата во секое време.
Интеграцијата на Schüco VentoLife во прозорците или фасадите може да биде реализирана внатрешно или надворешно. Во зависност од барањата, структурниот елемент може да биде скоро невидлив.