Вентилациони системи

Schüco VentoAirСписок на производи

Опис
Предности

Саморегулирачки механички вентилациски систем за монтажа на прозорецот

Системот за вентилација Schüco VentoAir ја регулира континуираната размена на воздух во станбените објекти, без никаква интервенција од корисниците, со што се овозможува спречување на скапи штети предизвикани од мувла, која е опасна по здравјето.

Принципот на чисто механички вентилатори се заснова на изедначување на разликата во притисокот помеѓу надвор и внатре.

Во случај на поголема брзина на ветерот, вентилот автоматски го регулира воздухот што дотекува, со што се спречуваат непријатните провеви.

Системот е интегриран така што е речиси целосно сокриен во пределот на централната заптивка – или хоризонтално на врвот или во надворешната странична рамка.

Системот за вентилација може да се користи заедно со останатите вградени системи за проветрување во зградата и на тој начин се исполнуваат минималните барања за заштита од влага.

 

Вентилација вградена во прозорецот со само-регулирачка клапа

Снабдување со воздух за успешни вентилациони концепти со издувни вентилатори во влажните простории

Можна инсталација во системи со системска длабочина од  70 mm и 75 mm

Едноставен вентилирачки концепт, ниски инвестициони трошоци

Воздушен проток од 1-10 m³/h зависно од воздушниот притисок

Заштита од невидливата влага

Едноставно ракување и монтажа

 


Техничка информација

Продукт
Вентилациски систем
Вид
Децентрализирана вентилација
Управување
Рачно управување
Макс. стапка на размена на воздух
2.3 - 8.7 / 8 Pa
Видлива лицева широчина
0 mm
Димензии (w x h x d)
125 x 27 x 11 mm
Температурна граница за функционирање
- 20 °C
Непропустливост на воздух
Класа 3
Непропустливост на вода
Класа 9А
Макс. звучна изолација во отворена положба
44 dB(A)
Отпорност на сила на ветер
C5/B5
Регулација
Саморегулирање со помош на разлика во притисокот
Опции за монтажа
Хоризонтално, вертикално
Cad- детали
AKS TechDoc

CAD- детали

Можете да ги преземате CAD- цртежите (DWG / DXF) на нашите профили во комплетни серии (ZIP). Во овие ZIP фајлови, профилите се сортирани во датотеки според нивната функција.

Можете да најдете цртежи на специфични пресеци од AluKönigStahl во нашата платформа AKS Tech Doc. Цртежи на пресеци од Jansen може да се најдат директно во соодветниот каталог во “AKS TechDoc”.

За пристап до Cad- материјалите

AKS TechDoc

Користењето на AKS TechDoc за каква било ситуација во вашата секојдневна работа, во канцеларија, работилница или на лице место ќе ви помогне. Во AKS TechDoc, можете брзо да најдете информации за кодот на производот во каталозите, да ги зачувате овие страници како PDF-датотека и да ги испратите по е-пошта.

За пристап до комплетната документација, мора да ги користите вашето корисничко име и лична лозинка за AKSTechDoc, добиени по регистрацијата на нашата централна платформа www.alukoenigstahl.com.

За пристап до TECH DOC МАТЕРИЈАЛИТЕ