Покривен прозорец со голема површина – енергетска ефикасност и флексибилност на дизајнот

Добрата основна изолација, сигурното заптивање и атрактивниот дизајн му овозможуваат на покривниот прозорец Schüco AWS 57 RO сеопфатна предност.

Интеграцијата во автоматизацијата на зградата е тестирана, докажана е безбедноста на системот во софистицирани покривни застаклувања со класичните фасади на Schüco , додадените конструкции на Schüco или во комбинација со зимни градини Schüco.

Во зависност од варијантата на дизајнот, можни се различни опции за застаклување, на пример, специјални изолирани стакла, стакла за чекорење, а исто така и заштита од сонце инсталирана меѓу стаклата.

Ве молиме, прашајте нè за големи димензии, во зависност од товарот, можни се специјални изданија!

Структурно застаклување – најдобра естетска форма на прозорецот

Schüco AWS 114 SG.SI претставува дизајн на прозорец со висока топлинска изолација што едвај се разликува од SG-фасадата. Тежини на крилото до 250 кг овозможуваат недостигнати до сега формати. Schüco AWS 114 SG.SI обезбедува одлична удобност и безбедност: прилагодлив ограничувач на отворање за рачно управувани прозорци. Системот за прозорци е исто така достапен како AWS 114.SI со класичен профил.
Користете ги СК прозорците како стандарден отвор за традиционални решенија за фасадни прозорци. Користете PAF прозорец кога прекршувањето на светлината или одразот на сонцето треба да бидат еднакви на целата фасада.
Посебна карактеристика на Schüco AWS 114.SI е тоа што има моторизиран оков Schüco TipTronic. Се постигнува класа на заштита 0 и 4. Крилата за проветрување се обезбедени со безбедносна технологија, како што е целосно профилно интегрираната заштита во согласност со податочниот лист VFF KB.01 (електрични прозорци). Отпорните кабелски приклучоци овозможуваат лесна инсталација на технологијата за оков Schüco TipTronic интегрирана во профилот. Монтажата и инсталацијата се крајно едноставни.

 

Елемент за вметнување фасада со различни опции за дизајн

Производството, склопувањето и работењето се ефикасни – со термоизолираниот прозорец Schüco AWS 114 и високо термички изолираниот прозорец Schüco AWS 114.SI како прозорци со паралелно отворање или со отворање на горна оска.

Иновативниот систем на прозорци со можност за големи димензии е визуелно беспрекорно интегриран без да влијае на униформната фасадна геометрија – со тежина на крилото до 250 кг.

Повеќе информации


Како структурално фасаден прозорец  со изолационо стакло (Schüco AWS 114 SG и Schüco AWS 114 SG.SI) или како стандарден фасаден прозорец со изолационо стакло (Schüco AWS 114 и AWS 114.SI) вградениот елемент обезбедува разновидни можности за дизајн и може добро да се интегрира во фасадите Schüco FW 50+ / FW 60+, Schüco FW 50+ SG / FW 60+ SG, Schüco AOC 50 / AOC 60, Schüco USC 65 и Schüco UCC 65 SG.

Прозорецот Schüco AWS 114 работи рачно или со скриен и лесно монтиран погонски систем (Schüco TipTronic). Системот за самостојно учење и оков отпорен на удар, со интегриран прилагодлив ограничувач на отворање, се прицврстува без дупчење и без завртки во рамката.

Едноставно склопување во работилница е овозможено со иновативен принцип на клип.

Додатна конструкција AOC 75 на дрвена подконструкција (TI).

Додатната конструкција AOC 75 на дрвена подконструкција (TI) ја комбинира оваа енергетски ефикасна конструкција со ефикасно производство и склопување.

Иновативното семејство дихтунзи овозможува големи елементи за вентилација, особено во областа на покривот. Компонентите за запечатување без примена на заптивната смеса се користат во преклопот на вертикалата и хоризонталата за ефикасна и безбедна монтажа.

Додатна конструкција AOC 75 на дрвена подконструкција (TI).

Додатната конструкција AOC 75 на дрвена подконструкција (TI) ја комбинира оваа енергетски ефикасна конструкција со ефикасно производство и склопување.

Иновативното семејство дихтунзи овозможува големи елементи за вентилација, особено во областа на покривот. Компонентите за запечатување без примена на заптивната смеса се користат во преклопот на вертикалата и хоризонталата за ефикасна и безбедна монтажа. ​

Додатна конструкција AOC 75 на челична подконструкција (ST).

Додатната конструкција AOC 75 на челик (ST) ја комбинира оваа енергетски ефикасна конструкција со ефикасно производство и склопување.

Иновативното семејство дихтунзи овозможува големи елементи за вентилација, особено во областа на покривот.
Компонентите за запечатување без примена на заптивната смеса се користат во преклопот на вертикалата и хоризонталата за ефикасна и безбедна монтажа. ​

Додатна конструкција AOC 75 на челична подконструкција (ST) 

Додатната конструкција AOC 75 на челик (ST) ја комбинира оваа енергетски ефикасна конструкција со ефикасна изработка и склопување. Иновативното семејство дихтунзи овозможува големи отвори за вентилација особено во областа на покривот. Компонентите за запечатување без примена на заптивната смеса се користат во преклопот на вертикалата и хоризонталата за ефикасна и безбедна инсталација. Технологијата за поставување завртки на челичните подструктури обезбедува кратко време на производство во споредба со заварувањето.

Додатната конструкција AOC 60 на дрвена подконструкција (TI) ја комбинира оваа енергетски ефикасна конструкција со ефикасно производство и склопување.

Системот овозможува дизајн со полу-структурална естетика.

Компонентите за запечатување без примена на заптивната смеса се користат во преклопот на вертикалата и хоризонталата за ефикасна и безбедна монтажа. ​

Додатната конструкција AOC 60 на дрвена подконструкција (TI) со најдобри вредности на изолација и исклучително лесна обработка. Додатната конструкција AOC 60 на дрво (TI) комбинира енергетски ефикасна конструкција со ефикасно производство и монтажа.

Вертикалните фасади и лесните покриви можат да бидат дизајнирани со наклон на покривот до 7. Компонентите за запечатување без употреба на заптивната смеса се користат во спојката на вертикалите и хоризонталите за ефикасно и безбедно зглобување.

Композитниот прозорски систем Schüco AWS 120 CC.SI (Composite Construction Super Insulation) заедно со интегрирана Schüco CCB (Concealed Composite Blind) заштита од сонце е оптимизиран систем за комплетирање на енергетската ефикасност на обвивката на зградата. Нуди термичка изолација сертифицирана за пасивна градба и заштита од сонце, заштита од отсјај и засенчување со чист поглед нанадвор и сето тоа во сите временски услови. Со речиси невидлив пакет со ламели во собрана положба на венецијанерот и без навлегување на светлина од страните кога венецијанерот е спуштен, комплетниот систем задоволува високи дизајнерски барања со неговиот внатрешен и надворешен изглед. Дизајн со структурално застаклување исто така е возможен.

Ако е потребна стандардна проветрувачка функција на крилото, интеграцијата на заштита од сонце во фиксните полиња со отвори за ревизија нуди најефикасно решение. Оваа поедноставена конструкција има само едно ревизиско крило како отвор за одржување на чистење, кое обично останува затворено.

Широкиот опсег на окови вклучува рамна розетна и елегантен дизајнерски капак, кој може да се отстрани ако е потребно. За да се отвори ревизионото крило, Schüco рачка со стандардна инсталација е вметната во розетната. Со оваа економична верзија со фиксен елемент, инсталациските предности на интегрирана заштита од сонце се задржуваат, а исто така и високите вредности на звучна изолација.

Енергетски ефикасни вентилациски системи за различни барања се возможни со интегриран Schüco вентилациски систем и мехатронскиот оков Schüco TipTronic SimplySmart.