Schüco FWS 60 – Класична фасада тип вертикала-хоризонтала со лесна обработка и висока енергетска ефикасност
Schüco FWS 60 е конструкција тип вертикала-хоризонтала со внатрешна и надворешна лицева ширина од 60 mm. Фасадниот систем гарантира високо ниво на термичка изолација благодарение на новите изолатори.
Schüco FWS 60 овозможува транспарентни фасадни конструкции со големи застаклени површини. Достапни се профили за вертикала и хоризонтала со длабочини од 50 до 250 mm. Schüco FWS 60 e погоден за фасадни решенија во луксузни станбени и комерцијални згради.
Карактеристики
Како Schüco FWS 60.SI, оваа серија е исто така достапна со висока топлинска изолација (SI… Супер изолација).
Специјални електронски Е-вертикали и Е-хоризонтали се достапни за скриени кабли во фасадата.
Schüco FWS 60.SI е компатибилен со Schüco FWS 60 CV.
Schüco ALB rigid (Aluminium Louvre Blades) – Заштита од погледи и сонце
Schüco ALB rigid е заштита од сонце за прозорци и фасади во домови и трговски објекти. Постојат два вида ламели: шупливи профили и сплескани. Големите ламели со ширина од 105 до 690 мм се издржливи. Ламелите можат да бидат поставени хоризонтално или вертикално. Наклонот на ламелата е диктиран од формата на рамката. Со широк асортиман на ламели и методи на прицврстување, Schüco ALB rigid нуди заштита од прегревање со оптимално внесување на светлина.
Ефикасна, високо отпорна на ветер заштита од сонце и засенчување на прозорци и фасади во станбени и комерцијални објекти
Системот за лизгачка ролетна Schüco ALB обезбедува идеална заштита од сонце за прозорци и фасади во станбени и комерцијални згради благодарение на тенката геометрија на ламелите со оптимална транспарентност кон надвор и неговата исклучително висока стабилност на ветер. Лизгачките единици може да се инсталираат со три различни типа на ламели. Системскиот опсег нуди индивидуални решенија за најразновидните побарувања. Спектарот опфаќа системи со еден отвор за проветрување, со една шина, па се до инсталации за лизгање на ролетните со повеќе отвори и двојни шини. Со лизгачките единици може да се работи или рачно или електрично, а нивното ракување е импресивно едноставно, тивко и прецизно.