Новости

февруари 28, 2022

Фокус на здрава внатрешна клима со системи за вентилација Schüco

Човек поминува повеќе од 80% од своето време во затворен простор. Затоа квалитетот на воздухот во просторот во кој живееме е од големо значење за нашето здравје.
Задолжителнo е честo и продолженo проветрување. Но, за поодржливо и долгорочно решение се препорачува и додатна вентилација. Со неа се отстранува влагата од дишењето и разните мириси кои се наоѓаат во затворените станбени и деловни простории.
Системите за вентилација Schüco се идеално прилагодени за модернизирање на згради. Краткиот пат на воздушен проток води до енергетска ефикасност и оптимален квалитет на воздухот, а различните опции за конфигурација на вентилационите системи овозможуваат прецизен дизајн во зависност од потребната размена на воздух за просторијата.

>>> SCHÜCO VENTOFRAME

Системот за вентилација Schüco VentoFrame е саморегулирачки систем за вентилација речиси невидливо интегриран во рамката на прозорецот. Благодарение на саморегулирачките надворешни вентили, тој реагира според промената на притисокот на ветерот и гарантира контролирано проветрување на воздухот без да се чувствува струење во просторијата. Системот се карактеризира со флексибилна инсталација на поединечни елементи и високо намален работен шум со помош на вградените елементи што апсорбираат бучава.

>>> SCHÜCO VENTOAIR

Системот Schüco VentoAir е саморегулирачка вентилација преку специјален вентил вграден во прозорскиот профил. Брзо и лесно се инсталира и обезбедува ефикасна вентилација без рекуперација. Саморегулирачкиот вентил Schüco VentoAir реагира на промените во притисокот и обезбедува контролирана вентилација без никаков провев во просторијата. Системот помага да се избегне влага во просторијата и бара малку инвестиции.

>>> SCHÜCO VENTOFRAME ASONIC

Најновиот Schüco VentoFrame Asonic систем за вентилација е подобрена верзија на веќе тестираните системи за вентилација Schüco VentoAir и Schüco VentoFrame со ефикасна и максимална звучна изолација. Комбинира природен проток на воздух со високо ниво на акустична удобност – клучни придобивки за удобноста при користење на зградата.

>>> SCHÜCO VENTOTHERM TWIST

Новиот Schüco VentoTherm Twist децентрализиран систем за вентилација со рекуперација на топлина го проветрува воздухот во просторијата без потреба од отворање на прозорецот. Системот може да се монтира и хоризонтално и вертикално во прозорските системи Schüco, од серијата Schüco AWS 70.HI до серијата Schüco AWS 120 CC.SI, без потреба од претходно проектирање.

>>> SCHÜCO TIPTRONIC SIMPLY SMART

Schüco TipTronic SimplySmart поставува нови стандарди за технологијата на сокриен механизам за движење. Системот за оков ги автоматизира прозорците и тие се управуваат бесконтактно, што ја зголемува удобноста за корисникот.

>>> SCHÜCO DRIVETEC

Системот за механичко придвижување Schüco DriveTec  може да се користи во скоро сите прозорски системи на Schüco – со отворање на странична или хорисонтална оска, како и покривни прозорци со тежина на крилото до 200 kg. Решенијата DriveTec нудат одлична удобност на корисникот заедно со дневна вентилација. Ширината на отворот е до 800 mm (1000 mm за покривни прозорци).
Детални информации може да се добијат со контактирање на Alukönigstahl, кој е лиценциран претставник на брендот Schüco за Македонија.