Вентилациони системи

Schüco VentoFrame AsonicСписок на производи

Опис
Предности
Систем за вентилација интегриран во прозорецот со високо ниво на звучна изолација за здрава внатрешна клима

Во модерниот дизајн на згради, фокусот е на создавање на оптимални работни и животни средини. За да се постигне ова, снабдувањето со свеж воздух засновано на побарувачката за долгорочна заштита на ткивото на зградата е исто толку важно како и добрата акустика за удобен внатрешен простор.

Регулирана размена на воздух со истовремено намалување на звукот не е загарантирана во многу згради и објекти: отворените прозорци може да пропуштат свеж воздух, но исто така и бучава однадвор.

За да се справи со ова, децентрализираниот систем за вентилација Schüco VentoFrame Asonic со девет различни нивоа нуди приспособени решенија со одлично намалување на звукот. Вентилот вграден во прозорците овозможува целосно автоматско циркулирање на воздухот во зградите без да создава провев или да пропушта непријатен шум низ отворените прозорци.

Високо ниво на флексибилност на системот поради девет опции на уредот: оптималната адаптација на проектот го поедноставува планирањето и ја зголемува економичноста

Дискретниот дизајн и широкиот опсег на опции за боја обезбедуваат целосна слобода на дизајнот

Поддршка за планирање од Schüco: помошта при изборот на производи создава сигурност во планирањето и го намалува обемот на работа потребна за планирање

Економична вентилација за целата станбена единица

 


Техничка информација

Продукт
Вентилациски систем
Функција
Децентрализирана вентилаиција
Минимална ширина
450 mm
Видлива лицева ширина
65 mm
Класа на филтрирање на влезен воздух
Опционално по избор
Употребливо за системи со длабочина од
50 - 120 mm
Температурна граница за функционирање
- 20 °C
Непропустливост на вода
E 1200​
Макс. звучна изолација во затворена положба
51 dB(A)
Макс. звучна изолација во отворена положба
42 dB(A)
Регулација
Саморегулирање со помош на разлика во воздушниот притисок
Опции за монтажа
Хоризонтално, монтирано кон профилот
Cad- детали
AKS TechDoc

CAD- детали

Можете да ги преземате CAD- цртежите (DWG / DXF) на нашите профили во комплетни серии (ZIP). Во овие ZIP фајлови, профилите се сортирани во датотеки според нивната функција.

Можете да најдете цртежи на специфични пресеци од AluKönigStahl во нашата платформа AKS Tech Doc. Цртежи на пресеци од Jansen може да се најдат директно во соодветниот каталог во “AKS TechDoc”.

За пристап до Cad- материјалите

AKS TechDoc

Користењето на AKS TechDoc за каква било ситуација во вашата секојдневна работа, во канцеларија, работилница или на лице место ќе ви помогне. Во AKS TechDoc, можете брзо да најдете информации за кодот на производот во каталозите, да ги зачувате овие страници како PDF-датотека и да ги испратите по е-пошта.

За пристап до комплетната документација, мора да ги користите вашето корисничко име и лична лозинка за AKSTechDoc, добиени по регистрацијата на нашата централна платформа www.alukoenigstahl.com.

За пристап до TECH DOC МАТЕРИЈАЛИТЕ