Заштита од сонце

Sun Shading System IntegralmasterСписок на производи

Опис
Предности

Скриено засенчување на сонцето, заштита од сјај и скрининг – целосно интегрирано во хоризонталниот фасаден профил

Системот за засенчување на сонцето Integralmaster е внатрешно решение за ролетни без обемни кутии или странични водилки. Кутијата и страничните водилки се дизајнирани како единствен елемент со фасадниот профил – за разлика од нив, конвенционалните системи за ролетнисе состојат од четири компоненти. Ова овозможува целосно интегрирана и скоро целосно скриена инсталација во сите системи на прозорци Schüco AWS, без да се наруши внатрешната естетика на објектот.

Системот отпорен на ветер и на временски услови може да се ракува механички или електрично: во електричната верзија, ролетната интегрирана во долниот процеп за застаклување се подига со помош на моторната технологија SMI (Стандарден моторен интерфејс). Рачната опција се користи со помош на дигалка-ланец, што ја влече ролетната инсталирана во горниот процеп за застаклување надолу. Овој едноставен дизајн е погоден и за реновирање или обновување на постарите прозорски системи.

Integralmaster ги исполнува сите национални и ЕУ-упатства за заштита од отсјај на работните места. Извонредните вредности на перформансите може да се постигнат благодарение на неговата посебна конструкција и двојната функција на заштита од отсјај и засенчување на сонце: покрај подобрената топлинска изолација, системот нуди намалување на отсјајот до 97% и намалување на енергетското зрачење до 85 %

  • Целосна интеграција во системите за прозорци и фасади на Schüco
  • Едноставна и сигурна инсталација
  • Пристапот однатре од собата обезбедува пониски трошоци за чистење и одржување

Техничка информација

Мин.-макс. височина во mm
0…3000
Мин.-макс. широчина во mm
400…1800
Напојување
24 V
Опција за монтажа
Интегрирана
Стабилност на ветер
Нема влијание од ветер
Агол на ламелата
Без
Карактеристики
Заштита од сонце, Заштита од топлина, Скрининг, Заштита од отсјај
Површинска обработка
Текстил, фолија
Брошури
Cad- детали
AKS TechDoc
Schüco Integralmaster
Download

CAD- детали

Можете да ги преземате CAD- цртежите (DWG / DXF) на нашите профили во комплетни серии (ZIP). Во овие ZIP фајлови, профилите се сортирани во датотеки според нивната функција.

Можете да најдете цртежи на специфични пресеци од AluKönigStahl во нашата платформа AKS Tech Doc. Цртежи на пресеци од Jansen може да се најдат директно во соодветниот каталог во “AKS TechDoc”.

За пристап до Cad- материјалите

AKS TechDoc

Користењето на AKS TechDoc за каква било ситуација во вашата секојдневна работа, во канцеларија, работилница или на лице место ќе ви помогне. Во AKS TechDoc, можете брзо да најдете информации за кодот на производот во каталозите, да ги зачувате овие страници како PDF-датотека и да ги испратите по е-пошта.

За пристап до комплетната документација, мора да ги користите вашето корисничко име и лична лозинка за AKSTechDoc, добиени по регистрацијата на нашата централна платформа www.alukoenigstahl.com.

За пристап до TECH DOC МАТЕРИЈАЛИТЕ