Сигурносни системи, Системи за врати

Schüco Firestop ADS 90 FR 30Список на производи

Опис
Предности

Одличен дизајн во комбинација со докажана заштита од пожар за 30 минути отпорност на пожар

Schüco FireStop ADS 90 FR 30 противпожарната врата е дел од  Schüco FireStop системската платформа и нуди атрактивен опсег од противпожарни врати и ѕидови, тестирани во согласност со  EN 1634/EN 1364 и DIN 4102 за 30-минутна отпорност на оган.

Термички прекинатата отпорна на пожар конструкција со основна длабочина од 90 mm се одликува со својата единствена елеганција: екстремно тесните ширини на профилот овозможуваат најголема можна транспарентност, додека интегрираните затворачи и скриените шарки на вратите оставаат впечаток со нивниот минималистички дизајн. Разновидните опции за дизајн, исто така, овозможуваат употреба на стаклени или панелни полнежи.

Останатите предности на системот за врати вклучуваат висока флексибилност и ефикасност во однос на дизајнот, изработката и инсталацијата: окови и брави можат лесно да се вметнат во алуминиумскиот систем, на пример, без потреба од претходна обработка туку само покриени со едноставен украсен профил. Отворената геометрија на профилот, исто така, овозможува последователни промени во примената додека зградата е во употреба, истовремено задржувајќи го своето одобрување за заштита од пожар. Интер-компатибилниот систем може да се надогради брзо и економично со дополнителни електрични компоненти и функционално да се подобри на различни начини.

Пионерскиот алуминиумски систем на врати им нуди на проектантите, архитектите и производителите нова флексибилност кога станува збор за сигурно придржување кон градежните прописи – со низа дизајни за да се исполнат највисоките барања.

  • Сокриени окови: може да се постигне атрактивна комбинација на заштита од пожар и стилски дизајн
  • Нови димензии во однос на големината и транспарентноста: типови на врати со големи чисти димензии на отворот
  • Можни се слободно достапни типови на врати без употреба на технологија за заклучување (набљудувајте ги одобренијата за одредена земја)
  • Тестирано фиксно застаклување и во портретен и во пејзажен формат исто така можно во комбинација со врати
  • Едноставни и флексибилни промени во користењето додека зградата е сè уште во функција, на пр. префрлување од единечно заклучување во заклучување во повеќе точки или последователна инсталација на електрични функции
  • Вратите може да се изработат и со екстензија на профилите

Техничка информација

Основна системска длабочина во mm
90
Мин. лицева широчина во mm
127
Макс. височина на крилото во mm
3284
Макс. широчина на крилото во mm
3390
Макс. дебелина на стакло/панел во mm
20
Заштита од пожар
F30, T30, EI30
Заштита од чад
S200
Максимална звучна изолација Rwp
45 dB(A)
Cad- детали
AKS TechDoc

CAD- детали

Можете да ги преземате CAD- цртежите (DWG / DXF) на нашите профили во комплетни серии (ZIP). Во овие ZIP фајлови, профилите се сортирани во датотеки според нивната функција.

Можете да најдете цртежи на специфични пресеци од AluKönigStahl во нашата платформа AKS Tech Doc. Цртежи на пресеци од Jansen може да се најдат директно во соодветниот каталог во “AKS TechDoc”.

За пристап до Cad- материјалите

AKS TechDoc

Користењето на AKS TechDoc за каква било ситуација во вашата секојдневна работа, во канцеларија, работилница или на лице место ќе ви помогне. Во AKS TechDoc, можете брзо да најдете информации за кодот на производот во каталозите, да ги зачувате овие страници како PDF-датотека и да ги испратите по е-пошта.

За пристап до комплетната документација, мора да ги користите вашето корисничко име и лична лозинка за AKSTechDoc, добиени по регистрацијата на нашата централна платформа www.alukoenigstahl.com.

За пристап до TECH DOC МАТЕРИЈАЛИТЕ