Сигурносни системи, Системи за врати

Schüco Firestop ADS 80 FR 60Список на производи

Опис
Предности

Мулти-функционални апликации за заштита од пожар и чад за 60 минути отпорност на пожар

Докажаниот систем за врати Schüco ADS 80 FR 60 (Fire Resistant) со основна длабочина од 80 mm се базира на високо стабилни шупливи профили со 5 комори. Погоден е за употреба како елемент за врата или ѕид за заштита од пожар во класа на отпорност на пожар EI60 (T60, F60)

За дополнителни барања во однос на безбедноста на зградата и автоматизацијата, високо стабилните алуминиумски системи за заштита од пожар и чад може да се надградат до мулти-функционални врати. Опсегот на апликации опфаќа сè, од заштита од провала и паник функција до оптимизирано намалување на звукот и контрола на пристапот.

Доказите за издржливоста и стабилноста на системот при секојдневна употреба се дадени со сертификати за отпорност на повторено отворање и затворање во согласност со EN 12400 класа 8 со 1 милион циклуси и највисока класа 4 при тестирање на вандализам во согласност со EN 1192.

Вратите и фиксното застаклување се одобрени и сертифицирани за употреба во затворени простории и на отворено во согласност со стандардите DIN и EN.

  • Тестирани согласно DIN 4102 и EN 1634/EN 1364
  • Еднокрили и двокрили врати сертифицирани со CE маркер за надворешна употреба во согласност со EN 16034/EN 14351-1
  • Сертификати за издржливост на повторливо отворање и затворање, согласно  EN 12400, класа 8 со 1 милион циклуси
  • Механичка сила согласно EN 1192, класа 4, со највисоката заштита против вандализам и честа зголемена употреба на сила
  • Заштита од провала согласно DIN EN 1627 со или без паник функција.

Техничка информација

Основна системска длабочина во mm
80
Мин. лицева широчина во mm
137
Макс. височина на крилото во mm
2607
Макс. широчина на крилото во mm
3200
Макс. дебелина на стакло/панел во mm
44
Заштита од пожар
F60, T60, EI60
Заштита од чад
SA, S200, RS1, RS2
Непропустливост на воздух
Класа 4
Непропустливост на вода
E 750
Издржливост на ветер
A3, B2
Заштита од провала
До RC2
Макс. звучна изолација Rwp
46 dB(A)
Брошури
Cad- детали
AKS TechDoc
Mechanical Safety with Schüco Aluminium Systems
Download

CAD- детали

Можете да ги преземате CAD- цртежите (DWG / DXF) на нашите профили во комплетни серии (ZIP). Во овие ZIP фајлови, профилите се сортирани во датотеки според нивната функција.

Можете да најдете цртежи на специфични пресеци од AluKönigStahl во нашата платформа AKS Tech Doc. Цртежи на пресеци од Jansen може да се најдат директно во соодветниот каталог во “AKS TechDoc”.

За пристап до Cad- материјалите

AKS TechDoc

Користењето на AKS TechDoc за каква било ситуација во вашата секојдневна работа, во канцеларија, работилница или на лице место ќе ви помогне. Во AKS TechDoc, можете брзо да најдете информации за кодот на производот во каталозите, да ги зачувате овие страници како PDF-датотека и да ги испратите по е-пошта.

За пристап до комплетната документација, мора да ги користите вашето корисничко име и лична лозинка за AKSTechDoc, добиени по регистрацијата на нашата централна платформа www.alukoenigstahl.com.

За пристап до TECH DOC МАТЕРИЈАЛИТЕ