Прозорски системи

Schüco AWS 60Список на производи

Опис
Предности

Термички изолираниот стандарден систем за прозорци со системска длабочина од 60 mm нуди широк избор на решенија за да одговараат на низа барања.

Тој се заснова на функционалните и дизајнерските својства на алуминиумскиот систем: придобивките како што се тесните лицеви ширини и скриените окови се комбинираат во совршено интегрирани компоненти за прозорци со отворање навнатре и нанадвор.

Високото ниво на флексибилност на системот овозможува најразлични намени како единечен прозорец, лентовиден прозорец или вграден елемент во фасада, како и во комбинација со системите на вратите Schüco.

Дополнителна придобивка за клиентите и архитектите е што системот за прозорци може да се дизајнира во голем број различни типови на отворање на странична и долна оска, како и комбинација од нив.

Дизајн на прозорец со отворање нанадвор со централна заптивка е исто така достапен како двокрилен прозорец со заштита од провала во согласност со PAS 24.

Како дел од платформата на системот Schüco AWS, системот за прозорци нуди широк спектар на профили, вклучувајќи аголни профили, структурални профили, симетрични и асиметрични профили, како и голем број варијации на дизајн и дополнителни опции за комбинации со заштита од сонце или системи за вентилација.

Со тоа Schüco AWS 60 поставува стандарди во однос на флексибилноста на планирањето и нуди атрактивни решенија за прозорци за исполнување на барањата на меѓународните пазари.

  • ​Како блок-прозорец Schüco Window AWS 60 BS ги задоволува високите естетски барања со елегантен тенок дизајн за максимална транспарентност.
  • Schüco  AWS 60 RL е погоден за економични решенија во комбинација со одлична термичка изолација. Со засечените надворешни контури, Schüco AWS 60 RL (Residential Line) најдобро одговара за проекти за реновирање или за визуелен акцент.

 

  • Висока термичка изолација со само 60 mm системска длабочина
  • Компатибилни аксесоари
  • Решение за безбариерни прагови за еднокрилни или двокрилни балконски врати
  • Многу индивидуализирани опции за дизајн
  • Прозорски серии со тесни лицеви широчини 51 mm
  • Класа за заштита од провала RC2

 


Техничка информација

Основна системска длабочина во mm
60
Мин. видлива широчина во mm
91
Uf вредност на рамката (≥)
1.7 W/(m²·K)
Макс. дебелина на стакло/панел во mm
50
Макс. широчина на крилото во mm
1700
Макс. височина на крилото во mm
2500
Макс. звучна изолација Rwp
47 dB(A)
Непропустливост на воздух
Класа 4
Непропустливост на вода
Класа 9A
Заштита од провала
До RC2
Издржливост на ветер
Класа C5/B5
CE маркер
Да
Брошури
Cad- детали
AKS TechDoc
Schüco AWS 50 / AWS 60
Download

CAD- детали

Можете да ги преземате CAD- цртежите (DWG / DXF) на нашите профили во комплетни серии (ZIP). Во овие ZIP фајлови, профилите се сортирани во датотеки според нивната функција.

Можете да најдете цртежи на специфични пресеци од AluKönigStahl во нашата платформа AKS Tech Doc. Цртежи на пресеци од Jansen може да се најдат директно во соодветниот каталог во “AKS TechDoc”.

За пристап до Cad- материјалите

AKS TechDoc

Користењето на AKS TechDoc за каква било ситуација во вашата секојдневна работа, во канцеларија, работилница или на лице место ќе ви помогне. Во AKS TechDoc, можете брзо да најдете информации за кодот на производот во каталозите, да ги зачувате овие страници како PDF-датотека и да ги испратите по е-пошта.

За пристап до комплетната документација, мора да ги користите вашето корисничко име и лична лозинка за AKSTechDoc, добиени по регистрацијата на нашата централна платформа www.alukoenigstahl.com.

За пристап до TECH DOC МАТЕРИЈАЛИТЕ