Прозорски системи

Schüco AWS 50. NIСписок на производи

Опис
Предности

Schüco AWS 50.NI (Non Insulation) алуминиумски прозорец без изолација со системска длабочина 50 mm нуди различни решенија за голема разновидност на барања без потребата од термичка изолација, на пример решенија за ентериер.

Базиран е на комбинација од функционални својства и слобода на архитектонски дизајн во совршено скроени компоненти, на пример, комбинацијата од тесни видливи ширини со скриени окови за прозорци со отворање навнатре и нанадвор.

Ова ниво на флексибилност на системот овозможува разновидност на употреби како единечен прозорец, лентовиден прозорец или вграден елемент во фасада, како и во комбинација со системите на врати и лизгачки системи Schüco.

Дополнителна придобивка за клиентите и архитектите е што системот за прозорци може да се дизајнира во голем број различни типови на отворање на странична и долна оска, како и комбинација од нив. Достапни се и различни типови на отворање нанадвор: отворање на горна оска, долна оска, странична оска како и двокрил прозорец.

Како дел од платформата на системот Schüco AWS, системот за прозорци нуди широк спектар на профили, вклучувајќи аголни профили, структурални профили, симетрични и асиметрични профили.

  • Максимална употреба на идентични делови во рамките на системот и во рамките на модуларниот систем Schüco AWS
  • Schüco AvanTec SimplySmart оковот eобезбедува ефикасна изработка: флексибилна, едноставна и интуитивна
  • Крило со само-позиционирање и монтирање без алати
  • Брза и едноставна монтажа на оковот
  • Изработка на леви и десни прозорци со истите елементи, поедноставено сечење на лентата за заклучување и намалени барања за складирање на елементите
  • Дизајнерски серии Schüco AWS 50 RL (Residential Line) и Schüco AWS 50 SL (Soft Line)

Техничка информација

Основна системска длабочина во mm
50
Мин. видлива широчина во mm
84
Макс. дебелина на стакло/панел во mm
42
Макс. широчина на крилото во mm
1700
Макс. височина на крилото во mm
2500
Макс. звучна изолација во Rwp
43 dB(A)
Непропустливост на воздух
Класа 4
Непропустливост на вода
Класа 9A
Заштита од провала
До RC1
Издржливост на ветер
Класа C5/B5
CE маркер
Да
Брошури
Cad- детали
AKS TechDoc
Schüco Aluminium Window and Door Systems
Download

CAD- детали

Можете да ги преземате CAD- цртежите (DWG / DXF) на нашите профили во комплетни серии (ZIP). Во овие ZIP фајлови, профилите се сортирани во датотеки според нивната функција.

Можете да најдете цртежи на специфични пресеци од AluKönigStahl во нашата платформа AKS Tech Doc. Цртежи на пресеци од Jansen може да се најдат директно во соодветниот каталог во “AKS TechDoc”.

За пристап до Cad- материјалите

AKS TechDoc

Користењето на AKS TechDoc за каква било ситуација во вашата секојдневна работа, во канцеларија, работилница или на лице место ќе ви помогне. Во AKS TechDoc, можете брзо да најдете информации за кодот на производот во каталозите, да ги зачувате овие страници како PDF-датотека и да ги испратите по е-пошта.

За пристап до комплетната документација, мора да ги користите вашето корисничко име и лична лозинка за AKSTechDoc, добиени по регистрацијата на нашата централна платформа www.alukoenigstahl.com.

За пристап до TECH DOC МАТЕРИЈАЛИТЕ