Системи за врати

Schüco ADS 50.NIСписок на производи

Опис
Предности

Неизолиран алуминиумски систем на врати за економични решенија во ентериерни решенија

Со тесни ширини на лицето и екстремно мала основна длабочина од 50 mm, неизолираниот алуминиумски систем на врати Schüco ADS 50.NI (Not Insulated) е дизајниран особено за употреба во ентериери. Благодарение на неговата стабилна конструкција елементи со височина од под до таван можат сигурно да се спроведат, гарантирајќи различни можни употреби од конструкции на врати и преградни sидови, до ветробрани и зони за прием.

Друга придобивка на овој испробан систем на врати е тоа што е целосно компатибилен со неизолираните алуминиумски системи на прозорци Schüco.

  • Многу мала основна длабочина од само 50 mm: поекономично користење на системот
  • Може да се дизајнира како врата против приклештување на прсти или целосно застаклена врата
  • Прилагодлива шарка поставена на површина и цевчеста шарка: бесконечно прилагодлива во три димензии
  • Компатибилен со многу системи Schüco: широк спектар на употреба

Техничка информација

Основна системска длабочина во mm
50
Макс. видочина на крилото во mm
2500
Макс. широчина на крилото во mm
1100
Макс. дебелина на стакло/панел во mm
32
Област на апликација
Внатрешна употреба, Надворешна употреба, Комерцијални проекти
Непропустливост на воздух
Класа 2
Издржливост на ветер
Класа C3
Заштита од кражба
До RC2
Макс. тежина на крилото
200 kg
Брошури
Cad- детали
AKS TechDoc
Schüco Aluminium Window and Door Systems
Download

CAD- детали

Можете да ги преземате CAD- цртежите (DWG / DXF) на нашите профили во комплетни серии (ZIP). Во овие ZIP фајлови, профилите се сортирани во датотеки според нивната функција.

Можете да најдете цртежи на специфични пресеци од AluKönigStahl во нашата платформа AKS Tech Doc. Цртежи на пресеци од Jansen може да се најдат директно во соодветниот каталог во “AKS TechDoc”.

За пристап до Cad- материјалите

AKS TechDoc

Користењето на AKS TechDoc за каква било ситуација во вашата секојдневна работа, во канцеларија, работилница или на лице место ќе ви помогне. Во AKS TechDoc, можете брзо да најдете информации за кодот на производот во каталозите, да ги зачувате овие страници како PDF-датотека и да ги испратите по е-пошта.

За пристап до комплетната документација, мора да ги користите вашето корисничко име и лична лозинка за AKSTechDoc, добиени по регистрацијата на нашата централна платформа www.alukoenigstahl.com.

За пристап до TECH DOC МАТЕРИЈАЛИТЕ