Прозорски системи

Jansen Economy 50 Window SystemСписок на производи

Опис
Предности

Универзален неизолиран челичен прозорски систем

Елегантните линии на системот за прозорци од челичен профил Economy® 50 (основна длабочина 50мм) овозможуваат чист, елегантен изглед. Неизолираната серија на профили од челик може да се користи за создавање на прозорци во сите типови на отворање, гарантирајќи максимална флексибилност во архитектонското и дизајнерското планирање.

Многу тесните, но силни челични профили од серијата Economy® 50 може да се користат за да се создадат тенки прозорски конструкции со лесен изглед. Сеопфатната палета на окови ги покрива сите индивидуални побарувања во врска со удобноста и безбедноста.

  • Особено тенки профили со лицева широчина од само 50mm
  • Возможни се сите типови на отворање
  • Сеопфатен систем на окови
  • Разновидни типови на прозорски рачки, избор меѓу алуминиум и нерѓосувачки челик
  • Опционална додатна заштита од провала
  • Флексибилна можност на апликација поради компатибилност на системите

Техничка информација

Основна системска длабочина во mm
50
Мин. лицева широчина во mm
82
Uf вредност на рамката (≥)
4.9 W/(m²·K)
Макс. дебелина на стакло/панел во mm
35
Непропустливост на воздух
Класа 4
Непропустливост на вода
Класа 9A
Заштита од провала
До RC3
Издржливост на ветер
Класа C3
CE маркер
Да
Брошури
Cad- детали
AKS TechDoc
Overview of Schüco Jansen steel systems
Download

CAD- детали

Можете да ги преземате CAD- цртежите (DWG / DXF) на нашите профили во комплетни серии (ZIP). Во овие ZIP фајлови, профилите се сортирани во датотеки според нивната функција.

Можете да најдете цртежи на специфични пресеци од AluKönigStahl во нашата платформа AKS Tech Doc. Цртежи на пресеци од Jansen може да се најдат директно во соодветниот каталог во “AKS TechDoc”.

За пристап до Cad- материјалите

AKS TechDoc

Користењето на AKS TechDoc за каква било ситуација во вашата секојдневна работа, во канцеларија, работилница или на лице место ќе ви помогне. Во AKS TechDoc, можете брзо да најдете информации за кодот на производот во каталозите, да ги зачувате овие страници како PDF-датотека и да ги испратите по е-пошта.

За пристап до комплетната документација, мора да ги користите вашето корисничко име и лична лозинка за AKSTechDoc, добиени по регистрацијата на нашата централна платформа www.alukoenigstahl.com.

За пристап до TECH DOC МАТЕРИЈАЛИТЕ