Прозорски системи

Janisol Window System Arte 2.0Список на производи

Опис
Предности

Елегантен челичен прозорски систем со проширена палета на материјали – за реновирања кои се верни на оригиналниот стил и модерни станбени проекти

Janisol Arte 2.0 челичниот систем е специјално развиен за реновирање на застаклувања во согласност со упатствата за задржување на вредноста на имотот. Благодарение на проширената палета на материјали, сега има и профилни верзии достапни во нерѓосувачки  и некородирачки челик. Со широк спектар на типови на отворање на прозорците навнатре и нанадвор, системот со тенок профил им овозможува на старите прозорци да бидат скоро совршено реконструирани – со одлична топлинска изолација и стабилност, како и тесни лицеви широчини и најголема можна димензија на стакло. Атрактивни решенија за прозорци, кои исто така се идеално прилагодени за употреба во модерни станбени згради.

Обемните тестови на системот, кои ги земаат предвид сите барања во однос на статиката, физиката на зградата, безбедноста и сигурноста, овозможуваат сигурно планирање, производство и монтажа.

  • Нова надворешна заптивка
  • Двокрилен прозорец без додатни профили
  • Нова, подобрена површина со обложување од цинк/железо за подобро заварување
  • Нови геометрии на профилите
  • Високо ниво на веродостојност на процесот преку обемни тестови на системот, како што се против ветер / вода / воздух, механичка безбедност и звучна изолација

Техничка информација

Основна системска длабочина во mm
60
Мин. лицева широчина во mm
45
Uf вредност на рамката (≥)
1.8 W/(m²·K)
Макс. дебелина на стакло/панел во mm
47
Макс. широчина на крилото во mm
1000
Макс. височина на крилото во mm
2400
Макс. звучна изолација Rwp
45 dB(A)
Непропустливост на воздух
Класа 4
Непропустливост на вода
Класа 9A
Издржливост на ветер
Класа C4
CE маркер
Да
Брошури
Cad- детали
AKS TechDoc
Overview of Schüco Jansen steel systems
Download

CAD- детали

Можете да ги преземате CAD- цртежите (DWG / DXF) на нашите профили во комплетни серии (ZIP). Во овие ZIP фајлови, профилите се сортирани во датотеки според нивната функција.

Можете да најдете цртежи на специфични пресеци од AluKönigStahl во нашата платформа AKS Tech Doc. Цртежи на пресеци од Jansen може да се најдат директно во соодветниот каталог во “AKS TechDoc”.

За пристап до Cad- материјалите

AKS TechDoc

Користењето на AKS TechDoc за каква било ситуација во вашата секојдневна работа, во канцеларија, работилница или на лице место ќе ви помогне. Во AKS TechDoc, можете брзо да најдете информации за кодот на производот во каталозите, да ги зачувате овие страници како PDF-датотека и да ги испратите по е-пошта.

За пристап до комплетната документација, мора да ги користите вашето корисничко име и лична лозинка за AKSTechDoc, добиени по регистрацијата на нашата централна платформа www.alukoenigstahl.com.

За пристап до TECH DOC МАТЕРИЈАЛИТЕ