Автоматизација на прозорци и лизгачки врати

Удобен дом со едноставен допир на копче

Автоматизација на прозорци и лизгачки врати

Максимална удобност и сигурност

Кога станува збор за Schüco прозорци и лизгачки врати, иновацијата е во деталот. Благодарение на најновата технологија, разновидност на функции и решенија се достапни со допирање на копче- отворање и затворање на прозорци, автоматска вентилација на простории или активирање на електронска заштита од сонце и одблесоци.

За додатна удобност и безбедност,  прозорците и лизгачките врати Schüco можат да бидат контролирани индивидуално со тоа што ќе се поврзат со контролните системи на зградата, а може и интелигентно да реагираат на околината. Скриената технологија на активаторот обезбедува пријатна собна температура и допринесува за вашата лична благосостојба.

Паметен како никогаш до сега

Schüco решенија за Паметен дом

Интегриран метеоролошки сензор за автоматско затворање на прозорците

Со Schüco TipTronic SimplySmart, притискање на копче е сè што е потребно за отворање и затворање на прозорци, но и големи и тешки лизгачки елементи. Освен тоа, ако времето стане непријатно, интегрираниот метеоролошки сензор ги затвора сите прозорци автоматски. Тивката текнологија за автоматско придвижување е сокриена во оковот.

Прозорците или лизгачките елементи се отвораат автоматски преку сензор или со допир на копче на таблет или смарт-телефон, но и рачно со рачка или прекинувач. На овој начин, Schüco TipTronic SimplySmart системот со функции на електронска вентилација и зголемени отвори ефективно ги намалува трошоците за енергија.

Автоматизираните компоненти овозможуваат зголемени широчини на прозорските отвори, со што се овозможува поголем воздушен проток. Разновидните електронски вентилациони функции, како ноќното или темпирано проветрување исто така функционираат на енергетски одржлив начин.

Најдоброто е тоа што мехатроничките окови можат да се интегрираат со речиси секој Schüco прозорски систем при различни типови на отворање, благодарение на флексибилните димензии.

Функција "ноќно проветрување" за заштеда на енергија

Функцијата “ноќно проветрување”  во електронски-управуваните прозорци овозможува природна вентилација без додатни трошоци за енергија. За да се оптимизира употребата на ноќното проветрување, оковите се комбинирани со надворешни и внатрешни сензори за температура и прозорците се отвораат или затвораат во зависност од временските услови.

На пример, прозорците може да бидат програмирани да се отворат во 22:00 и повторно да се затворат во 06:00 следното утро. На овој начин, има свеж проток на воздух во зградата преку ноќ, кој ги оладува соодветните простории до комфорна температура. Истовремено, целосната автоматизација на отворање и затворање овозможува индивидуално да се програмира секој прозорец според преференциите и потребностите. Со целосно автоматската функција “Ноќно проветрување” , Schüco TipTronic не само што овозможува пријатна атмосфера во просториите, туку исто така и заштедува електрична енергија, која би се користела за вентилација.

Сигурност против провала и заштита од приклештување на прсти

Најразлични криминални статики од изминатите години, покажуваат дека прозорците и балконските врати се најчесто користена точка за провала од крадците. Со цел да се справат со ова, прозорските системи на Schüco  нудат високо софистицирани безбедносни системи. Schüco TipTronic оковите користат модуларно безбедносно заклучување во повеќе точки и осигуруваат значајно повишена класа на отпор против провала до RC 2 (WK 2). Магнетните прекинувачи се користат за следење и обезбедување на повратни информации за прозорците поврзани со системот за управување со зградата и сите алармни системи.

Интегрираната заштита од приклештување на прсти, овозможува прозорецот автоматски да се отвори ако се појави било каква пречка при затворање. Оваа заштита против приклештување на прсти одговара на безбедносна класа 2. За особено строги барања, на пример во училишта, домови за возрасни лица, болници и хотели, Schüco исто така нуди и заштита со сензорска лента, која реагира дури и на најмал контакт со било кој дел по должината на рамката. Оваа заштита против приклештување на прсти одговара на безбедносна класа 3 и 4.

Референции

Унгарија
Four Seasons Hotel Gresham Palace

Прочитај повеќе